Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава против полициски службеници поради спречување на докажување на кривично дело
Македонија

Кривична пријава против полициски службеници поради спречување на докажување на кривично дело

04/03/2025

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.Ј. и Д.Ј., двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба  на службената положба и овластување“ по член 353 став 1, „фалсификување исправа“ по член 378 став 1  и  „спречување на докажување “ по член 368 став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавениот А.Ј.. – полициски службеник во СВР Куманово,  наместо да поднесе кривична пријава против лице од Скопје за кривично дело „фалсификување на исправа“ поради извршена промена на идентификационен број на шасија на патничко возило „бмв“, кое било одземено од полициски службеници на граничен премин Табановце, на 25.12.2024 изготвил потврда за вратени предмети и на лицето од Скопје му го вратил одземеното возило, сообраќајната дозвола и клучот од возилото. На 06.02.2025 првопријавениот  сочинил и потпишал известување до ОЈО Куманово, кое го потпишал и одобрил второпријавениот Д.Ј. – началник на првопријавениот, каде доставиле потврда за вратени предмети, во која првопријавениот  внел податоци за наведеното возило со променет идентификационен број на шасија и на тој начин овозможиле противправна имотна корист за друг во износ од 7.640 евра или во денарска противвредност од 469.860 денари.

Исто така, на 18.08.2023 првопријавениот доставил известување до ОЈО Куманово, кое го одобрил второпријавениот во својство на началник  на Одделението за криминалистичка полиција, а во врска со пријавено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член  288 од Кривичниот законик, кое се случило на 15.06.2023 од сторител  од Куманово. Имено, при преземање мерки за расчистување на делото била пронајдена една пушка и бил сочинет записник и фото документација. Првопријавениот не  известил надлежен јавен обвинител и во наведеното известувањето до ОЈО Куманово не ја доставил пушката, записникот за пронајдени предмети и  не побарал наредба од јавниот обвинител  за вештачење  на пронајденото оружје, со што од страна на ОЈО  Куманово овозможил  да биде запрено гонењето на сторителот, односно пријавените службени лица  злоупотребувајќи ја својата положба со неизвршување на својата службена должност,  спречиле докажување на предметното кривично дело, со што   потешко ги повредиле правата на оштетените пријавители  на кривично дело  „предизвикување општа опасност“.

Спречил докажување на предметното кривично дело и ги повредиле правата на оштетените.                              

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и  ќе бидат суспендирани од своето работно место до завршување на дисциплинската постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со

29/10/2026
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46420
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со 53 пратенички места, но нема

29/10/2026

Според резултатите прикажани на графиконот, со 98% преброени гласови, блокот на Бенјамин Нетанјаху има 53 пратенички места, додека блокот на

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат до 19 степени

28/10/2026

Променливо облачно време со кратки сончеви периоди, утринска магла во одделни котлини и северозападен ветер нè очекува во четврток, информираат

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што се случува со јазиците во

28/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi е достапна и на албански јазик, но дигиталната лична карта и возачката дозвола, според забелешките на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy