Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава против началничка на одделение во Одделот за обезбедување на личности и објекти за „злоупотреба на службената положба“
Магазин

Кривична пријава против началничка на одделение во Одделот за обезбедување на личности и објекти за „злоупотреба на службената положба“

07/04/2025

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, поднесе кривична пријава против С.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од Кривичниот законик.                

Пријавената, на работно место началник на Одделение за обезбедување на дипломатско конзуларно претставништво, а во моментот на извршувањето на делото на работно место началник на Одделение за обезбедување  на странски делегации и манифестации при МВР,  ја злоупотребила службената положба и овластување  на начин што си овозможила стекнување  на  право за исплата на бонус плата за 2023 година иако не го исполнила условот утврден во Законот за работните односи, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21  ден во текот на годината.

Имено, иако била свесна дека не ги исполнува условите за стекнување со наведеното право, пријавената на 05.06.2024 изготвила список со 11 полициски службеници од Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации  кои оствариле услов за бонус плата за 2023 година, во кој се впишала и самата себе, а врз основа на кој подоцна и било утврдено право за исплата на бонус плата за 2023 година и биле исплатени парични средства на нејзината трансакциска сметка.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициската службеничка и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
Македонија

ТРЕНДАФИЛОВ ИТНО ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА ПРАТЕНИЧКАТА СТОЈАНОСКА Минималната

12/02/2026
Македонија

ОДБРАНАТА НА НИНО ВАСЕВ ЈА ОСПОРИ СТРУЧНОСТА НА ВЕШТАКОТ ОД

12/02/2026
Македонија

Македонија на мегдан со Шкотска, Швајцарија и Словенија во Лигата

12/02/2026
Македонија

Одмор покрај река: Скопје добива модерна градска плажа

12/02/2026
Македонија

Случај „Онкологија“: Словенечкото вешто лице и одбраната на Васев со

12/02/2026
Македонија

СУДЕЊАТА ПО ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ 12 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41391
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од 6% – Мицкоски: Целта ни

12/02/2026

Македонскиот туризам минатата година бележи вкупен раст од 6.0 % во споредба со 2024 година, покажуваат најновите податоци на Државниот

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар Елевци од Дебар

12/02/2026

Патниот правец кој го поврзува селото Татар Елевци со Дебар во моментов е во прекин поради појава на свлечиште. Според

ТРЕНДАФИЛОВ ИТНО ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА ПРАТЕНИЧКАТА СТОЈАНОСКА Минималната плата ќе се покачи согласно

12/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски го обвини претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, дека користи недоличен речник кон

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy