Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СУДЕЊАТА ПО ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ 12 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ЌЕ ПОЧНАТ ВО МАРТ Третото обвинение против 13 полицајци сè уште се оценува во Кривичниот суд
Македонија

СУДЕЊАТА ПО ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ 12 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ЌЕ ПОЧНАТ ВО МАРТ Третото обвинение против 13 полицајци сè уште се оценува во Кривичниот суд

12/02/2026

AA

Судскиот процес по обвинителниот предлог во кој се опфатени тројца полицајци во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе почне на 2 март, а за обвинетите 9 полицаци ќе почне на 5 март. Судењата ќе се одвиваат во Основниот кривичен суд Скопје.

За обвинението против 13 полицајци судењето сè уште не е закажано затоа што обвиинителниот акт против нив сè уште е на проценка пред Советот за оценка на обвинителен акт.

На 30 јануари Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе еден обвинителен акт и два обвинителни предлога против вкупно 25 полицајци за пропусти во врска со дискотеката во Кочани, каде на 16 март 2025 годна во катастрофален пожар загинаа 63 луѓе, а над 220 беа повредени.

Во првиот обвинителен предлог тројца полициски службеници се обвинети за кривичното дело Злоупотреба на службената положба бидејќи, според ОЈО ГОКК  внесувале неточни податоци при изготвување на службени записници и овозможиле неправилно водење прекршочни постапки. Наместо на име на активниот субјект, пишувале прекршочни пријави на фирма која не е активна, а со намера за правното и физичкото лице да прибават имотна корист

Со вториот обвинителен предлог 9 полициски службеници, исто така, се гонат за делото Злоупотреба на службената положба и овластување. Обвинителството ги товари дека не извршиле целосна и детална проверка при издавање согласност за добивање лиценца на дискотеката „Пулс. Биле задолжени да извршат за проверки во врска со јавниот ред и мир и сообраќајната безбедност, и потпишале дека објектот ги поседува предвидените најмалку 20 паркинг-места, иако тоа не било вистина. Со тоа овозможиле „Пулс“ да добие лиценца за игостителска дејност за 2022 и за 2023 година, а со намера да прибават имотна корист за правното лице.

ОЈО ГОКК поднесе и обвинителен акт против 13 полициски службеници, од кои девет се полицајци, а четири началници – двајца од ОВР Кочани и двајца од Штип. Во овој предмет обвинетите се товарат дека како соизвршители го сториле кривичното дело Тешки дела против општата сигурност. Според Обвинителството, тие од 14 до 16 март 2025 година одобриле и спровеле план за акциска контрола, без да проверат дали во планот се опфатени сите проверки што се во нивна надлежност, ниту дали се почитувани одредбите од стандардните оперативни процедури за проценка и управување со ризик при вршење полициски работи. Полицајците во критичната ноќ влегле во дискотеката во 2:20 часот, по усна наредба, а пиротехниката од која настана пожарот била актвирана за време на контролата. Обвинителството ги товари дека не презеле мерки за заштита на присутните лица, ниту ја спречуиле употребата на пиротехниката, која не била пријавена во ПС Кочани. Како последица на несоодветната акциска контрола, настанал пожар, со што обвинетите придонеле за настапувањето смрт на 63 лица.

Истовремено со поднесените обвиненија, ОЈО ГОКК донесе наредба да запре истрагата против 7 полициски службеници, на кои им беа ставени на товар дејствија што ги презеле во периодот од 2012 до 2022 година. Од ОЈО ГОКК информираа дека надлежноста на Специјализираното одделение на ОЈО ГОКК е од 2018 година и дека ќе ги цени само дејствијата преземи од 2019 до 2022, додека за другите предметот е испратен на надлежно постапување во ОЈО Кочани.

Повикувајќи се на овој момент од одлуката на ОЈО ГОКК, дел од бранителите на 35-те обвинети за пожарот, чие судење е во тек, побараа од Јавното обвинителство да го преиспита обвинението и делата што им се ставаат на товар на нивните клиенти. Меѓу обвинетите во овој судски проце се сопственикот на „Пулс“, неговите најблиски соработници, градежни и пазарни инспектори, поранешни министри за економија, службеници во Министерството за економија, поранешни градоначалици на Кочани, обезбедувачи во дискотеката и поранешни директори за Дирекцијата за заштита и спасување.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
Македонија

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски

21/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45717
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата

21/09/2026

На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација. Инспектори

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со детали за акцијата против шверцот

21/09/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски одржа официјални средби со високи

21/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, кој деновите е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy