Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Случај „Онкологија“: Словенечкото вешто лице и одбраната на Васев со спротивставени ставови за медицинските протоколи
Македонија

Случај „Онкологија“: Словенечкото вешто лице и одбраната на Васев со спротивставени ставови за медицинските протоколи

12/02/2026

AA

Вештото лице од Словенија, Маја Равник, денеска повеќе од осум часа одговараше на вкрстени прашања во судскиот процес за случајот „Онкологија“, каде поранешниот директор Нино Васев и уште двајца лекари се обвинети за несовесно лекување.

Во текот на рочиштето, првообвинетиот Васев ја оспори анализата на вештото лице, тврдејќи дека нејзините наоди не се во согласност со македонските национални протоколи. Спорната точка се однесуваше на примената на лекот „капецетабин“, за кој Равник тврди дека нема индикација кај рак на јајници според современите европски насоки, додека Васев посочи дека во македонскиот систем овој лек се дава за 15 различни индикации врз основа на домашните упатства од 2011 година.

Равник истакна дека не правела поширока анализа на македонската литература, туку своето вештачење за 51 пациент го темели на протоколите кои важат во современата онкологија. На прашањата од Васев за конкретни случаи каде пациентите живееле подолго од очекуваниот медицински просек, вештото лице нагласи дека стои зад напишаното во вештачењето и дека терапијата мора да се спроведува според утврдени протоколи за да биде ефективна.

Одбраната го покрена и прашањето за недостигот на лекови на Клиниката, на што Равник одговори дека давањето само на еден дел од потребната комбинирана терапија (конкретно лекот „перзотумап“) нема медицински ефект доколку не се прими и вториот предвиден лек.

Адвокатот на Васев, Боби Спирковски, по сослушувањето изјави дека вештачењето е нестручно бидејќи не ги зема предвид домашните правни и медицински рамки по кои се должни да постапуваат македонските лекари. Равник претходно пред судот ги презентираше своите европски квалификации и долгогодишното искуство како началник на онколошки оддел во Марибор.

Судењето продолжува и утре со сослушување на останатите вешти лица од Словенија, а за крајот на март е најавено вклучување и на експерти од Србија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45636
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат

11/09/2026

Одлуките на Врховниот суд за укинување на пресудата за случајот „Ласкарци“, како и за предметот против Стевчо Јакимовски, предизвикаа остра

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен ветер

11/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари – нема повредени

11/09/2026

Голем пожар ноќеска избувна во трговски објект во скопската општина Шуто Оризари, при што изгореа повеќе од дваесет дуќани. Според

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy