Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРИМИНОГЕНИОТ МИНИСТЕР ЗА КОЈ СЕ ПОВЕДЕНИ ПОСТАПКИ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ РЕШЕНИЕ Трипуновски бара да се истражи работата на неговиот претходник
Македонија

КРИМИНОГЕНИОТ МИНИСТЕР ЗА КОЈ СЕ ПОВЕДЕНИ ПОСТАПКИ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ РЕШЕНИЕ Трипуновски бара да се истражи работата на неговиот претходник

13/11/2025

AA

 

Креаторот на сите проблеми и коруптивни дејанија во времето додека беа на власт, не можат да бидат дел од решенијата кои што ги нудат, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Трипуновски изјави дека има процесуирано постапки до ОЈО за незаконското работење на Љупчо Николовски, но нема никаква реакција.

– Гледам дека во изминатите денови е многу гласен во јавноста и се обидува да манипулира. Сакам да кажам дека станува збор за можеби за најкриминогениот министер во минатото. Ова, го говорам затоа што јас како министер по влегувањето во Министерството преземав низа на активности за проверка на неговото работење – посочи тој.

Јас имам поведено неколку постапки до Јавното обвинителство кои што повеќе од година дена не се процесуирани. Значи станува збор за постапки за сериозни злоупотреби на буџетски средства итн, додаде министерот.

Тој го повика Јавното обвинителство да презеде активности и да ги испитаат случаите.

– Овие поднесени документи и пријави не се единствени, изминатиот период фокусирани во работата на Министерството, враќање на довребата кон институциите, кон земјоделците, рабитевме и на дополнителни проверки. Овој министер кој што сега се обидува да се појави како спасител, во минатото ја заобиколил Платежната агенција како тело за спроведувач на програмите кои што ги носи Министерството и формирал тричлена комисија надвор од процедурите и поделил грантови по 10.000 евра за т.н. мали семејни винарии, се работи за над 800.000 евра буџетски средства – посочи министерот Трипуновски.

Тој додаде дека во процесот на делење на тие грантови бил и претседателот на партиската комисија за земјоделство, кој што по доаѓање на новата Влада даде отказ.

И ова како предмет, кој што е во завршна фаза ќе биде доставен до Јавното обвинителство, најави министерот.

– За министерот кој што се јавува како спасител, за него имаме уште еден предмет, а тоа е злоупотребата на партиски вработувања и унапредувања во Министерството на лица кои што без согласност на Министерството за финансии и запазенаа процедура ги унапредувал и има штета по буџетот – додаде тој при своеото гостување.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
Македонија

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и

10/09/2026
Македонија

Тензично на Советот на Кисела Вода: Бараа обезбедување по расправијата

10/09/2026
Македонија

Гоцевски за преговорите со ЈНА: Генерал ни кажа договорот да

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45630
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за водата со фекалии во Гостивар

10/09/2026

Поранешната директорка на Јавното претпријатие „Комуналец“, Артана Асани, ќе биде во куќен притвор, откако гостиварскиот суд ја замени мерката затворски

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно без терапија

10/09/2026

Пациентките кои се борат со рак на дојка повторно се соочуваат со недостиг на клучна онколошка терапија. Преку социјалните мрежи,

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026

Единаесетгодишниот пијанист Андреј Цековски оствари голем меѓународен успех со освојувањето на првото место на престижниот натпревар International Youth Music Competitions.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy