Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Крешник Бектеши: Веднаш треба да се намалат цените на транспортот
Економија

Крешник Бектеши: Веднаш треба да се намалат цените на транспортот

08/05/2023

AA

Министерот за економија Крешник Бектеши се согласува дека во изминатиот период рапидно е намалена цената на дизелот и на другите нафтени деривати, што значи и дека е дојдено време такси-службите и меѓуградскиот автобуски транспорт да ги намали скапите цени и тарифи.

Министерот смета дека не е праведно истите високи цени да се задржат, иако енормно поевтинија сите горива во изминатиот период на берзите., но додава дека за креирање на ценовна политика во таа дејност е надлежно Министерството за транспорт и врски. Тој вели дека овој ресор треба да дејствува иато како кога неговото министерство носело одлуки за замрзнување на цените на одредени цени кај прехранбените производи.

– Во делот на креирање на политиките таму не е надлежно Министертсвото за економија, туку Министерството за транспорт и врски и еве јас можам да ги повикам сите надлежни институции да разгледаат одредени можности за тие цени да се намалат. Логично е веднаш да има намалување во делот на цените за транспорт, имајќи ги во предвид цените на нафтените деривати, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Бектеши е уверен дека трендот на намалување на цените на храната ќе продолжи и понатаму, затоа што се намалени како што рече тој, трошоците на производителите за репроматеријалите, електричната енергија и за гориво.

– Разликата во трошоците за живот и цени на мало за храна и безалкохолни пијалоци е падната за 5,2 отсто во периодот од март 2023 до април 2023 за еден месец. Ако во април инфлацијата на храната била 21,7 отсто, сега е 16,5 во април. Тоа значи дека мерките го дадоа својот резултат. Тоа не е само поради делот на замрзнување на цени, туку и во делот на контролирање на ланецот на трговијата, почнувајќи од производителите па до потрошувачот, смета Бектеши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
Македонија

ЛЕВИЦА ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ТРИБИНА НА ПЛАТФОРМАТА 12.05 Мециновиќ ќе

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45820
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ Нели негаторот на Гоце Делчев

26/09/2026

Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет сѐ уште е член на Централниот одбор на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy