Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 37 отсто од децата не се чувствуваат безбедно во училиште, 24 проценти пак се жртви на насилство!
Македонија

37 отсто од децата не се чувствуваат безбедно во училиште, 24 проценти пак се жртви на насилство!

08/05/2023

AA

Триесет и седум отсто од децата во нашите училишта истакнуваат дека не се чувствуваат безбедно во училиште. Дури 24 проценти од децата велат дека се жртви на физичко насилство, покажуваат резултатите од научно – истражувачкиот проект реализиран од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, заедно со тим на професори од Филозофскиот факултет.

Истражувањето е спроведено на повеќе од 2.000 ученици и според професор д-р Софија Георгиевска, дел од тимот којшто работеше на истражувањето, покажува дека насилството е во пораст.

– Кога зборувам во пораст, ќе се обидам да направам една компарација, пред десетина години, бидејќи токму и темата на мојата докторска дисертација беше насилство врз деца во училиште, така што, ако тогаш имавме деца кои можеби не го препознаваа или во помал број го идентификуваа насилството, иако тогаш воопшто не зборувавме за дигитално или сајбер насилство. Денес можам да кажам дека дигиталното насилство е едно од најчестите проблеми со коишто младите или децата се соочуваат. Тоа што за мене е фрапантен податок е дека 37 отсто од децата истакнуваат дека секојдневно не се чувствуваат убаво и безбедно во училиште, изјави Георгиевска.

Додаде дека не секогаш децата знаат да го идентификуваат насилството.

– Некогаш ќе кажат дека некој се пошегувал, меѓутоа дека тоа не е насилство. Меѓутоа, доколку ги прашаме како се почувствувале во тој момент, велат дека не им било пријатно и дека ако тоа се случува повеќе од двапати во неделата, не сакаат да одат утре во училиште. Мислам дека тука некаде треба да го запалиме алармот, којшто треба да ни покаже колку треба да работиме со нашите деца. Некако сите станавме експерти за траума, сите зборуваме за траума. Кога ќе се случи траумата, гледаме колку малку всушност знаеме за траумата кај децата и уште помалку, колку малку знаеме за развојните трауми со коишто се соочуваат децата, нагласи Георгиевска.

Женските деца, посочи Георгиевска, се многу поемпатични, посензитивни и во многу поголема мера извршуваат психичко насилство, но и се жртви на психичко насилство. Кога станува збор за физичкото насилство, пак, најчесто машките деца се оние кои во поголема мера го вршат.

Геогиевска апелира до родителите и до наставниците да разговараат со децата. Она што за неа е алармантно е што 27 проценти од децата не знаат како и на кого да му соопштат дека се жртви на насилство.

– За мене, поголем аларм е што 27 отсто од децата немаат на кого да му соопштат или не знаат каде да соопштат, доколку се чувствуваат како жртва на насилство. Дваесет и седум е огромна бројка којашто ни вели „јас се чувствувам лошо, а не знам каде да го кажам тоа“. Родителите, наставниците, стручните служби се тие коишто треба да бидат првата алка што ќе му овозможи на детето да каже како се чувствува, да каже што го прави тажно и што е тоа што го прави среќно, истакна Георгиевска.

Заложбите на Владата, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, се да има мирна и безбедна средина во училиштата. Најважно, според него, е да се делува превентивно.

– Делуваме институционално. Секој проект на академската заедница и на граѓанскиот сектор од ваков тип е од голема важност за градење безбедност во училиштата и меѓусебни почитувања и толеранција. Сите заедно треба да промовираме позитивни вредности, за младите да се изградат во квалитетни добри личности и насилството никогаш да не биде опција. Да делуваме превентивно, за да не биде предоцна, додаде министерот.

Во фаза на изработка, како што соошти, е протокол, а првите препораки ќе бидат доставени до училиштата до крајот на неделата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот

19/11/2026
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР КОРНЕ ДРВЈА И УРИВА СЕМАФОРИ! Се очекуваат пообилни

19/11/2026
Македонија

„ТЕНДЕРЏИЈАТА“ ОД РЕК, ГОНЕТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“ На

19/11/2026
Македонија

ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА ЗА СИТЕ, ПА И ЗА

19/11/2026
Македонија

УКИМ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА, МОН ЌЕ ГО ПЛАТИ

19/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ 438.042 ОВЦИ И КОЗИ ПРОТИВ СИПАНИЦА Имунизацијата

19/11/2026
Македонија

СТРУЖАНИ, ПЛАТЕТЕ КОМУНАЛНА ТАКСА! Следната недела Општината почнува со присилна

19/11/2026
Македонија

ПО ТРИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА, ДОЈАВА ЗА БОМБА И ВО СРЕДНОТО

19/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46849
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот на патријархот Кирил

19/11/2026

Делегација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на 19 ноември 2026 година пристигна во Москва, за да учествува во

СИЛНИОТ ВЕТАР КОРНЕ ДРВЈА И УРИВА СЕМАФОРИ! Се очекуваат пообилни врнежи и ветар до 80

19/11/2026

Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен ветер со брзина од над 80 километри на час во текот на ноќта

„ТЕНДЕРЏИЈАТА“ ОД РЕК, ГОНЕТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“ На Стојан Чифлигароски затворскиот притвор му

19/11/2026

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје го заменил затворскиот притвор со куќен притвор за битолскиот бизнисмен Стојан Чифлигароски, осомничен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy