Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кремљ ги негираше тврдењата: Путин не планира средба со Шолц или Трамп
Македонија

Кремљ ги негираше тврдењата: Путин не планира средба со Шолц или Трамп

05/01/2025

AA

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги отфрли тврдењата дека се работи на организирање средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц или новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

– Во моментов нема планови во оваа смисла, изјави Песков за агенцијата ТАСС.

Претходно, пратеникот во германскиот Бундестаг Родерих Кизеветер изјави дека Шолц би можел да ја посети Москва пред крајот на февруари, додека средбата меѓу Трамп и Путин е „планирана за март“.

Шолц денеска изјави дека обвинувањата на пратеникот на опозициската Христијанско-демократска унија Родерих Кизеветер за неговото наводно претстојно патување во Москва се лажни и дека „таквите гласини се длабоко непристојни“.

Кизеветер вчера на платформата Х напиша дека Шолц би можел да отпатува во Москва и да се сретне со рускиот претседател пред 23 февруари, додека средбата на Трамп со Путин е закажана за март.

Тој не наведе никакви извори на информации.

– Ова е лажна и длабоко непристојна изјава, рекол Шолц на состанок на неговата партија, пренесува мрежата РНД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопјанец си ја пријави сопругата во полиција, фрлила кон него

12/07/2026
Македонија

Шест лица уапсени, вкупно девет пријави за семејно насилство во

12/07/2026
Македонија

Нов голем дефект кај Охис остави без вода седум населби!

12/07/2026
Македонија

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од ВИ за

12/07/2026
Македонија

Уапсени 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без

12/07/2026
Македонија

Авион на „Виз Ер“ пренасочен кон Приштина поради силното невреме

12/07/2026
Македонија

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Пороен дожд и грмежи!

12/07/2026
Македонија

Уапсен малолетник од скопски Сарај, со остар предмет му нанел

12/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44336
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy