Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кражби во ниви во Вардарски регион, се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини
Магазин

Кражби во ниви во Вардарски регион, се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини

20/09/2024

AA

Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини, алати и други предмети од ниви и земјоделски имоти на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи – Велес. Оваа информација ја потврди за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол во СВР – Велес.

– Од почетокот на годината до 18 септември, во СВР – Велес пријавени се вкупно 35 кражби во ниви и земјоделски имоти. Притоа, во четири случаи било одземено грозје од лозови насади. Исто така, граѓаните пријавувале дека им биле одземени дрвја – садници, делови од системи за наводнување, делови од земјоделски машини, алати и други предмети, појасни Ѓаковска.

Инаку, кавадаречката полиција на 15 септември приведе три лица од Кавадарци, поради кражба од нива. 

– Полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода Н.В., на возраст од 43 години, Р.В., 20-годишно лице и 41-годишната С.В., поради извршена кражба од нива во близина на Кавадарци, сопственост на Л.Р., 54-годишно лице од кавадаречкото село Ваташа, беше тогаш официјалната информација од СВР – Велес. 

Оттаму тогаш додадоа дека по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy