Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Крадењето мора да престане“: Филипче ја вика европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија
Македонија

„Крадењето мора да престане“: Филипче ја вика европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија

05/12/2025

AA

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати повик до главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да ја посети Македонија, лично да се запознае со малверзациите што ВМОР-ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и ИПАРД програмата, со која се загрозени 130 милиони евра.

„СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, лично да се запознае со малверзациите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и тоа што е веќе јасно ИПАРД програмата во која се загрозени 130 милиони евра. Не може да имаме доверба во институциите на власта со притисокот на власта кои што со своето однесување  се заштитници на криминалот, и тоа да биде над  правото и над јавниот интерес“, рече Филипче.

Тој додаде дека власта единствено нешто што прави во однос на сите скандали а посебно со скандалот со ИПАРД е да ја  дефокусира јавноста. 

„Наместо одговорност после апсењето на нивниот директно, член на ВМРО-ДПМНЕ, директор во Агенцијата за финансиска поддршка, гледаме само спинови и обвинувања кон опозицијата. Но фактите се јасни – се случи најголемата проневера на европски пари во Македонија, ИПАРД фондовите и тоа луѓе, членови на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе  блиски до премиерот Хријан Мицкоски“, рече Филипче.

На прес-конференцијата тој појасни дека со вклучување на Лаура Ковеши, овој скандал целосно ќе се расчисти и ќе се осигура дека нема повторно да се случи.

„Не е ова темен вилает на ВМРО-ДПМНЕ да си играат со судбината на Македонија и да си играат со европската иднина на граѓаните, и да си играат со европските фондови коишто се наменети за подобар живот на граѓаните и за подобар систем тука во државата“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy