Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачки: Загрижуваат континуираните кражби кои се констатирани од Ревизија за Клиниката за онкологија, а нема постапување или има целосен крах на системот
Македонија

Ковачки: Загрижуваат континуираните кражби кои се констатирани од Ревизија за Клиниката за онкологија, а нема постапување или има целосен крах на системот

13/10/2023

AA

Кај јавното обвинителство постои некоја нервоза и истата ја насочува кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, мислам интерес е да се разоткрие овој грозоморен чин. А вас низ вода ве пуштија од СДСМ, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која се разгледува ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија.

„Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при сведочење на Анкетната комисија за случајот Онкологија  јасно ве посочи како обвинителство дека вие ги кочите процесите, тие ве пуштија низ вода“, рече Ковачки.

Пратеникот додаде „мене ме загрижуваат континуираните кражби кои се констатирани од Ревизија на Клиниката за онкологија, а нема постапување и има целосен крах на системот и тоа е она што треба да не загрижи сите.“

„Не може да се изземете од работата за Онкологија кога во ревизорскиот извештај се изразува сомнеж за финансиските извештаи, за усогласеност нивна со законска регулатива  и ова е пар екселанс за кривично дело, ако злоупотреба на финансии кажете дека не е кривично дело ќе бидам зачуден“, кажа Ковачки.

Ковачки се осврна и на низа други неправилности кои ги има во извештајот на Ревизија за Онкологија како тоа дека биолошката терапија била набавувана на реверс без формирана цена, дека е констатирана несоодветност на јавните набавки согласно со закон, отсуство на протоколи на Клиниката.

Ковачки постави и неколку прашања до надлежните, како јавното обвинителство поточно до Љубомир Јовески и до Државната ревизија.

„Прашање до ревизорот дали во текот на ревизијата утврдивте дека директорот на Клиниката за кој излезе дека е еден од главите за состојбите на Клиниката примал пациенти кои не се третирале на соодветен оддел и  прашање до ЈО зошто од толку кривични пријави во текот на годините истите се отфрлале“, праша Ковачки кој  додаде „дали е точно дека инспекторите од МВР кои ја одземале документацијата од Клиниката немале насоки што да бараат“.

Ковачки заклучи  дека многу е јасно дека „кога нешто не е во согласност со закон и е злоупотреба на пари мислам дека е јасно што треба да се прави“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy