Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЗШВ: До 30 октомври се продолжува рокот за аплицирање по првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7
Македонија

МЗШВ: До 30 октомври се продолжува рокот за аплицирање по првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7

13/10/2023

AA

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира заинтересираните апликанти дека до 30 октомври 2023 година се продолжува рокот за аплицирање на првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7.

Продолжувањето на рокот доаѓа по барање на заинтересираните апликанти за аплицирање за мерка 1 и мерка 7.

За потсетување од 1 септември 2023 година започна спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма, распишувајќи го првиот јавен повик за мерките 1 и 7 од новата ИПАРД 3 програма.

Овој јавен повик се однесува на мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Вкупната вредност за инвестиции која на располагање се става со приот јавен повик за двете мерки изнесува 30 милиони евра.

Како корисници кај мерката 1 се јавуваат земјоделски стопанства запишани во ЕРСЗ системот на МЗШВ, кои може да бидат физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), правно лице (микро, мали и средни претпријатија) и индивидуални земјоделци. Потоа корисници можата да бидат задруги или здружени правни лица.

Поддршката од мерката 1 ги опфаќа следните сектори, кај растителното производство житните, индустриски и фуражни култури, градинарски култури, повеќегодишни култури, лозарство. Потоа кај сточарското производство

говедарството, свињарството, овчарството, козарството и живинарство. Други сектори опфатени со мерка 1 се производството на риба, преработката и маркетинг на сопственото земјоделско производство и Инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби, односно инвестиции во поставување на био гас и био гориво, соларна, ветерна и гео-термална енергија.

Минималната вредност на прифатлива по инвестиција кај мерката 1 изнесува 20.000 евра. Максималната финансиска поддршка на еден корисник за еден проект изнесува 750.000 евра. Финансиската поддршка – кофинансирање кај оваа мерка е 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.

Кај мерката 7 како корисници се јавуваат физички лица, правни лица, задруги и здружени правни лица за колективни инвестиции.

Како приоритетни сектори кај мерката 7 се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не-прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам.

Минимална вредност на прифатливи трошоци на предложен проект изнесуваат од 10.000 евра. Максимална финансиска подршка по корисник по поединечен проект изнесува 600.000 евра. Максимална финансиска подршка по корисник за цел период (2021-2027) изнесува 1.500.000 евра. Стапка на финансиска поддршка кај мерката 7 изнесува до 60% од вкупните прифатливи трошоци. Стапка нa финансиска поддршка се зголемува на 70% за апликанти кои се млади фармери и колективни инвестиции. Финансиска поддршка се зголемува за дополнителни 10% само за оние инвистиции во обновлива енергија, управување со отпад и циркуларна економија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45901
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен состав работи неуморно

30/09/2026

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на ТВ Алфа зборуваше за

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира Христо Ботев, се работи и

30/09/2026

Реконструкцијата на водоводната мрежа на улица Христо Ботев во Битола започна денеска, како дел од активностите на ЈКП „Водовод“ за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy