Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачки: Кога си внук на Ахмети, министрите на ДУИ се редат да гласаат за тебе! ЈО да отвори истрага!
Македонија

Ковачки: Кога си внук на Ахмети, министрите на ДУИ се редат да гласаат за тебе! ЈО да отвори истрага!

27/06/2023

AA

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник денеска на прес конференција побара Јавното обвинителство да отвори истрага за деловниот центар Соравија.

„Дрин Ахмети, со вчерашното признание дека презема 39% од сопственоста на деловниот центар Соравиа, без да даде ниту еден денар за тоа, само затоа што има претприемачки дух, фрла сомнеж и дополнително го инкриминира Али Ахмети, дека тој лично стои позади целата оваа зделка.

Тор Индустриес на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети е фирма која е основано во 2020 година, истата не прикажува профит, напротив работи и со загуба. Истата оваа фирма, сега заедно со албанската Певлаку ШПК го презема деловниот центар Соравиа, и наместо со паричен влог, фирмата партнер од Албанија е таа која плаќа, а младиот Ахмети добива 39% затоа што е млад и има убав поглед кон иднината. И како таков треба да го менаџира деловниот центар.

Кога си внук на Али Ахмети, покрај тоа што други фирми плаќаа за да ти бидат партнери, и владата ти дава милионски бизниси, министрите од ДУИ се редат за да гласаат за тебе.

Имено на 14.05.2019 година на седница на влада на која биле Бујар Османи и Крешник Бектеши е донесена одлука да се даде концесија за изградба на мала хидроцентрала на Еверест ЏД на Дрин Ахмети, кога младиот претприемач имал само 21 година.

Концесијата е на 23 години, а предвидената хидроцентрала треба да биде со моќност од 387 KW. За да се направи таква хидроцентрала потребни се 1.2 милиони евра.

Гледајќи како функционира Дрин Ахмети, сигурно некоја банка одлучила во целост да ја покрие инвестицијата на 21 годишникот.

ЈО и органите на прогонот треба да отворат истрага веднаш. Како 25 годишниот внук на Ахмети влегува во милионски бизниси, без вложен денар? Дали за тоа му помогнала функција на неговиот чичко? Дали Ахмети тргувал со влијание за младиот Дрин Ахмети бесплатно да добие 39% сопственост на 30 милионскиот деловен центар Соравиа? Дали Али влијаел за Дрин да добие концесија за хидроцентрала и потоа и да ја изгради?

Внукот на Ахмети очигледно е најпосакуваниот бизнис партнер во Македонија, за тој да влезе во бизнис, не плаќа, туку други плаќаат за него.

Секој граѓанин, но и ЈО и истражните органи треба да си дадат пред себе одговор на следното прашање. Дали било кој друг бизнисмен од Македонија или било каде во светот, ќе добие 39% од некоја милионска луксузна недвижност, без да плати за тоа ниту еден цент, само затоа што има претприемачки дух?

Сите добро го знаеме одговорот на ова прашање. Одговорот е не! Токму затоа непостапувањето од страна на ЈО и на истражните органи ќе значи нивна вмешаност, но и ќе остане запаметено како најподаничкото однесување на ЈО и одлика на заробената држава од страна на ДУИ и на СДС.

Сите инволвирани, треба да знаат дека за ова одговорност ќе има“, вели Ковачки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНДОТ НОСИ OБЛАЦИ, ВЕТЕР И ДОЖД Од понеделник врнежите слабеат,

18/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО РЕГИОНОТ

18/09/2026
Македонија

ПОЗИЦИИТЕ НА ВЛАДАТА ОСТАНУВААТ ИСТИ Софија реципрочно треба да ги

18/09/2026
Македонија

ЖЕРНОВСКИ ПАК ГО ВОЗИ „МЕРЦЕДЕСОТ НА БРАТУЧЕДОТ“ А богами и

18/09/2026
Македонија

ЕДИНСТВЕНИОТ ОСУДЕНИК ЗА „ЛАСКАРЦИ“ ПОД НАДЛЕЖНОСТ НА КРИВИЧЕН ИЗЛЕГУВА ОД

18/09/2026
Македонија

ВРХОВЕН ОБЈАСНИ ЗОШТО Е УКИНАТА ПРЕСУДАТА ЗА ЛАСКАРЦИ Апелација не

18/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕ НИ ТРЕПНА КОГА СО ЗАЕВ ГО ПРОДАДОА ИМЕТО

18/09/2026
Македонија

67-ГОДИШЕН ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА ПО ПАД ОД МОТОР Сообраќајна несреќа во

18/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45670
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНДОТ НОСИ OБЛАЦИ, ВЕТЕР И ДОЖД Од понеделник врнежите слабеат, потоа доаѓа постуден воздух

18/09/2026

Времето в сабота, 19 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе

МАКЕДОНИЈА Е ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО РЕГИОНОТ Мицкоски откри дека се разговара

18/09/2026

Македонија е врвен приоритет на САД во регионот, а од стратешкото партнерство во следните години треба да произлезат капитални проекти

ПОЗИЦИИТЕ НА ВЛАДАТА ОСТАНУВААТ ИСТИ Софија реципрочно треба да ги имплементира пресудите од Стразбур

18/09/2026

Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран Димитровски вели дека позициите на Владата за Бугарија остануваат исти односно реципроцитет во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy