Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачки: Иако Петровска призна, Пендаровски 1 месец молчи за секс скандалот во АРМ, јасно е дека станува збор за договор
Македонија

Ковачки: Иако Петровска призна, Пендаровски 1 месец молчи за секс скандалот во АРМ, јасно е дека станува збор за договор

23/11/2023

AA

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска истакна дека на 17 октомври јавно објавиле за секс скандалот кој ја тресе АРМ во кој се замешани највисоки воени раководители.

„Немаше никаква реакција на министерот за одбрана и на претседателот на Република Македонија.

На седница на пратенички прашања, министерот за одбрана јавно пред Ковачевски и пред пратениците потврди дека знаела за овој случај и дека дала исказ во военото разузнавање.

Претседателот Пендаровски, како и секогаш досега, кажа дека не бил информиран и побара информациите кои ги имаме да ги доставиме до надлежните институции.

Бидејќи тој е надлежна институција, ЈАВНО се понудив да лично дојдам кај институцијата Претседател на државата.

Досега помина повеќе од месец дена, а од претседателот нема никаков интерес за расчистување на случајот за кој министерката повторувам јавно од говорница кажа дека знаела, а подоцна во тек на ден даде спротивна изјава за едно ТВ интервју, дека не била известена.

Значи знаела, но не била известена.

Со втората изјава која министерката за одбрана ја даде дека не била известена, јаснo е дека нема никакви мерки и не се преземени досега, оставено е простор и време случаите да бидат повторувани во недоглед.

Бидејќи досега нема никаква реакција од Пендаровски за случај за кој во западните армии се носат најстроги санкции, јасно е станува збор за одреден договор – пазар или уцена кон него.

Јасно е и дека Пендаровски НЕ САКА да знае и дека е целосно незаинтересиран за грозоморните појави во Армијата.

Пендаровски бега од преземање на мерки кон лицата за кои е директно надлежен и нанесува срам на угледот на АРМ која за разлика од него, се’ уште ужива голема доверба кај граѓаните.

Ваквиот однос уште еднаш докажува дека највисоките државни позиции ги извршуваат неспособни, уценети и луѓе кои со својот однос и штетат на Армијата и на Република Македонија“, вели Ковачки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над

20/08/2026
Македонија

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те

20/08/2026
Македонија

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026
Македонија

Од патарина до крај на јуни инкасирани над 31 милион

20/08/2026
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45129
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над 100.000 денари

20/08/2026

Поранешниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, по разрешувањето од министерската фотелја

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те модуларни болници

20/08/2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе одржи брифинг во врска со одлуката поврзана со

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026

Системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери на Центарот за управување со кризи (ЦУК) навреме детектирал пожар во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy