Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСА: Зголемена опасност од судири во Земјината Орбита
Македонија

ЕСА: Зголемена опасност од судири во Земјината Орбита

23/11/2023

AA

Бројот сателитски мрежи во Земјината Орбита е во голем пораст, зголемувајќи ја опасноста од судири што може да резултираат со верижни оштетувања и огромна штета, предупреди Европската вселенска агенција (ЕСА).

Според Агенцијата, во мигов има околу 8.800 активни сателити во Орбитата. Најголемиот оператор засега е „Спејс-Икс“, којшто има повеќе од 5.000 „Старлинк“ сателити во Вселената, со планирани вкупно 42.000 уреди во иднина. И други компании од САД, како што е „Уан веб“, британски „Блу ориџин“ итн., па и оние од Кина – планираат десетици илјади нови сателити, коишто обично тежат меѓу 150 и 1.200 килограми.

Јозеф Ашбахер, генерален директор на ЕСА, на конференција во Берлин говореше за ризиците и порача дека мора да се спроведе глобално применлив закон за вселенскиот сообраќај.

– Постојано се додаваат нови „играчи“. Затоа ни се потребни сигурни сообраќајни правила за Вселената, каде што во секоја дадена состојба ќе биде јасно кој треба да преземе свртувања, заобиколувања или движења и кој како да се однесува… ЕСА си постави за цел драстично да го ограничи создавањето вселенски отпад до 2030 година. Секој сателит што потоа ќе биде испратен во вселената мора да биде отстранет од орбитата на крајот од својот предвиден рок на треање, објасни шефот на ЕСА.

Кинеското проблематично справување со деактивиран метеоролошки сателит во 2007 година, на пр., покажа колку може да биде разорно влијанието на вселенскиот отпад. Според проценките, само од Кина потекнуваат повеќе од 40.000 парчиња отпад со ширина поголема од еден сантиметар. Скоро секој втор маневар за избегнување судир во Вселената, според ЕСА, се должи на такви залутани парчиња.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Продолжен притворот за осомничените за загадувањето на гостиварската вода: четворицата

20/08/2026
Македонија

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над

20/08/2026
Македонија

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те

20/08/2026
Македонија

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026
Македонија

Од патарина до крај на јуни инкасирани над 31 милион

20/08/2026
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45130
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy