Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачки: До убиство на Вања можеби немало да дојде, ако Спасовски не направил пропусти во истрагата на исчезнувањето на Панче, оставка веднаш!
Македонија

Ковачки: До убиство на Вања можеби немало да дојде, ако Спасовски не направил пропусти во истрагата на исчезнувањето на Панче, оставка веднаш!

05/12/2023

AA

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Оливер Спасовски вчера ја излажал македонската јавност, а МВР под негово раководство е испреплетено односно поврзано со криминогени структури.

„Имено, Оливер Спасовски кажа дека не трагале по возилото на киднапираниот Панче затоа што не знаеле дека истото е исчезнато заедно со лицето, а на 2 дена пред кобното грабнување на Вања, на 25-ти ноември, веб-портал објавува наслов и текст дека е исчезнат Панче со се неговиот автомобил.

Значи повторувам, иако веќе во јавност објавено неколку дена претходно, според Спасовски – полицијата НЕ знаела дека автомобилот на Панче е исчезнат и затоа истиот никој не го ни барал.

Доколку автомобилот бил предмет на потрага, истиот би бил идентификуван уште на самиот влез од системот „Сејф сити“ и од патролите на МВР во Скопје.

И доколку автомобилот бил идентификуван на влез во Скопје, ќе се спречело барем киднапирањето и убиството на малолетното девојче.

Па дури и да се случело киднапирањето, возејќи од центар до излезот на Скопје, возилото повторно можело да биде идентификувано и да се спречи убиството.

Ова води до една констатација – занемарувањето на возилото е кардинална грешка и пропуст на МВР кои доведоа до фатални последици и кои чинеа – живот на дете.

Исто така, дополнителна лага која беше кажана и која создаде сериозни сомнежи дека не се работи професионално, т.е. се работи на забошотување на случајот е следнава:

Според МВР и ЈО, сторителите го убиле девојчето бидејќи ги фатила паника откако се кренала јавноста.

Но, потсетуваме: јавноста се крена на нозе после објавата на мајката на ФБ околу 12 часот, а девојчето според Спасовски е убиено 2 часа после киднапирањето, што значи пред објавата на ФБ и пред сензибилизирањето на јавноста.

И тука, бидејќи одговорните ја излажаа јавноста, се фрла сомнеж дека убиството на Вања не е извршено поради паника од разбудената јавност, туку дека е извршено поради паника затоа што имале доушник во МВР кој им дојавил дека истите се предмет на интерес.

Сомнежот дека првоосомничениот и останатите помагатели имале доушници во Полицијата, односно некој постојано ги предупредувал е дотолку појак затоа што и бегството на првоосомничениот од државата се случува после неколку дена од второто убиство. Значи, тој слободно се шетал затоа што знаел дека не бил загрозен од истрагата, за да откако навреме е предупреден, истиот избега преку граница.

Пропустите, непрофесионализмот и корумпираноста поради кои се губат човечки жртви мора да бидат следени со понесување на одговорност и оставка од МВР Спасовски“, вели Ковачки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46772
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи го имотот од нив добила

14/11/2026

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во „Претрес со Ландов“ пренесе сведоштво од граѓанин кој му раскажал дека неговата мајка

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy