
Ковачевски за прв пат ќе се сретне со бугарскиот премиер на НАТО самитот во Литванија
Премиерот Димитар Ковачевски за прв пат на НАТО самитот ќе се запознае со неговиот хомолог Николај Денков, новиот премиер на Бугарија.
Ковачевски-Денков разговараа пред две недели телефонски за односите меѓу двете земји.
Како што дознава 4NEWS.mk на маргините на НАТО самитот во Вилнус, Литванија тие ќе имаат и средба.
Согласно преоговарачката рамка за продолжување на патот на Македонија кон ЕУ потребно е до крајот на годината со завршувањето на скрининг процеост да ги внесе и Бугарите во Уставот.
По речиси повеќе од три години Бугарија конечно доби политичка Влада.

