Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШУГАТА НЕ ПОТЕКНУВА ОД ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА Министерството за одбрана апелира да не се злоупотребува поединечен случај
Македонија

ШУГАТА НЕ ПОТЕКНУВА ОД ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА Министерството за одбрана апелира да не се злоупотребува поединечен случај

09/02/2026

AA

Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од инфективната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството воедно апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, за манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна штета на угледот на Армијата.

Од Министерството појаснуваат дека шугата може да се добие само преку контакт со претходно заразено лице или преку постелнина, пешкири и слично, кои претходно биле користени од исто така заразено лице. Оттаму посочуваат дека пред приемот на професионалните војници во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, направено е комплетно уредување на просториите во кои се сместени војниците, односно извршена е комплетна дезинфекција на просториите и дадени се чисти и испрани постелнини и ќебиња.

Како што се посочува во соопштението, во меѓувреме од страна на Армијата и Воено-медицинскиот центар согласно здравствените протоколи се преземени мерки за спречување на натамошно евентуално ширење на оваа заразна болест.

– Од страна на одделението за превентивна заштита од Воено-медицинскиот центар извршен е стручен епидемиолошки надзор, давање мислење и понатамошни насоки и препораки. На превентивен преглед се испратени сите војници кои што биле во контакт со заразените лица. За време на викендов во просториите каде што се сместени војниците е извршена комплетна замена на постелнината, направена е дезинфекција на сите спални соби, дезинфекција на ќебињата, перниците и душеците и е испрана постелнината. Сите војници се информирани за симптомите кои може да се појават како резултат на оваа болест, дадени се препораки доколку се забележат кожни промени веднаш истото да се пријави и да се консултираат со доктор – велат од Министерството за одбрана.

Оттаму посочуваат дека континуирано се следи состојбата со останатите лица и се преземаат мерки согласно насоките на доктор епидемиолог.

– По насока на ВМЦ професионалните војници се упатени на превентивен контролен преглед. Досега се регистрирани четири лица и на истите им е пропишана соодветна медицинска терапија – велат од МО.

Во оваа касарна, како и во останатите Центри за обука (АП Криволак, ЦО Пепелиште, Кампот за обука на вода) на годишно ниво поминуваат односно престојуваат голем број припадници како од Армијата така и од сојузничките армии и досега не е регистриран ваков случај.

„Министерството апелира да не се злоупотребува поединечен случај, кој повторно ќе кажеме дека не е заразен во касарната, за манипулирање на јавноста, со што се нанесува директна штета и нарушување на угледот на Армијата. Министерството за одбрана и Армијата на чело со Генералштабот, во континуитет работат на подигнување на стандардите и условите за работа, а тоа подразбира комплетно реновирање и реконструкција на објектите во кои функционираат припадниците на Армијата. Само за илустрација за 2026 и 2027 година предвидени се 41.300.000 денари за реконструкција и санација на објектите, градежно-занаетчиски работи“, се наведува во соопштението.

Во изминатиот период, како што се посочува во соопштението, Министерството ги обезбеди потребните финансиски средства за реконструкција, адаптација и тековно одржување на објектите на МО и Армијата. Средствата биле наменети за подобрување на инфраструктурата, обезбедување современи услови и зголемување на безбедноста во објектите што се користат.

Од Министерството за одбрана информираат дека истиот пристап продолжува и во тековната година, со што е обезбедено континуирано финансирање на активности поврзани со реновирање, уредување на објектите, санација тековно одржување и други потребни интервенции.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАЦИЕНТ СИ КРЕИРАЛ КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА

21/09/2026
Македонија

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од

21/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ САКА МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ЕВРА, АМА Е ПРОТИВ ДАТА

21/09/2026
Македонија

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

21/09/2026
Македонија

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ

21/09/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45702
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАЦИЕНТ СИ КРЕИРАЛ КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА ЗЕМЕ ЛЕКОВИ Фондот за здравство

21/09/2026

Пациент искреирал конзилијарно мислење за терапија што е на позитивната листа на лекови со помош на вештачка интелегенција. Измамата била

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од природна смрт на 2.500 метри

21/09/2026

Планинарот чие безживотно тело вчера беше извлечено од Шар Планина е 74-годишниот А.С. од тетовското село Џепчиште. Тој бил пронајден

ФИЛИПЧЕ САКА МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ЕВРА, АМА Е ПРОТИВ ДАТА ЦЕНТРИ И РУДНИЦИ Само бизнисите

21/09/2026

Венко Филипче сакал плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање нови работни места, рече денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy