![Ковачевски за пронајдениот куршум кај Таравари: Загрижува информацијата, МВР да интервенира!](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/02/taravari-kovacevski-1-850x560.png)
Ковачевски за пронајдениот куршум кај Таравари: Загрижува информацијата, МВР да интервенира!
Претседателот на СДСМ и екс премиер, Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите истакна дека загрижува информацијата за пронајден куршум во дворот на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Ковачевски вели дека доколку веста е точна, МВР треба да интервенира и во овој случај, исто како што интервенирала во врска со вчерашниот напад на директор на владина институција.
„Секако дека ме загрижува ова. Се информирав дека МВР веќе има интервенирано во делот на тепачката која што се има случено вчера во Тетово, каде што е нападнат директор на владина институција од страна на лице кое што е идентификувано со име и презиме. Сметам дека МВР тоа треба да го заврши. И доколку и оваа информација која што сега ја споделивте е точна, тогаш треба на ист начин ригорозно да се интервенира“, рече Ковачевски.