Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Сега се потребни 2,1 минимална плата за една потрошувачка кошничка, во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа потребни 4,5 минимални плати
Македонија

Ковачевски: Сега се потребни 2,1 минимална плата за една потрошувачка кошничка, во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа потребни 4,5 минимални плати

16/03/2023

AA

Кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт, беа потребни 4,5 минимални плати за една потрошувачка кошничка, а сега се потребни 2,1 минимални плати за една потрошувачка кошничка. Имаме дупло зголемување на стандардот на работниците кои работат со минимална плата, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој вечерва на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“ изрази задоволство што системските решенија за усогласување на минималната плата даваат резултати и што со мартовската исплата минималната плата ќе изнесува 20.175 денари.

Во однос на усогласувањето на платите, Ковачевски рече дека сите плати се усогласени во приватниот сектор, но доколку некаде има неусогласеност, тогаш треба секој работник да реагира. Во однос на платите во јавниот сектор, премиерот посочи дека за ова треба да се отвори дискусија со синдикатите коишто ги застапуваат работниците од јавниот сектор и дека тука треба да се зборува и за продуктивноста.

– Едно е зголемување на плата, меѓутоа исто така друго е и зголемување на продуктивноста и давањето на услуги на граѓаните, бидејќи на нас кои работиме во јавниот сектор, вие од приватниот сектор ни ја плаќате платата, вие очекувате подобри услови, рече Ковачевски.

Во понеделник, како што најави, претставници на Синдикатот ќе бидат повикани во Министерството за економија бидејќи постои недоследност во пресметувањето на минималната потрошувачка кошничка.

– Во последната пресметка, дали заради превид или одредена техничка грешка, постои двојно пресметување на инфлацијата, рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy