Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Се задржува примарната уставотворност и се гарантира посебноста на македонскиот народ
Македонија

Ковачевски: Се задржува примарната уставотворност и се гарантира посебноста на македонскиот народ

25/07/2023

AA

Во своето обраќање на седницата на Комисијата за уставни прашања, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски посочи дека со предложените измени на Уставот се задржува примарната уставотворност и се гарантира посебноста на македонскиот народ.

„Со тоа што во Уставот е посочено на македонски народ и делови од народи, со овој предлог се додаваат во продолжение другите делови од народи, недвосмислено е истакната примарната уставотворност на македонскиот народ, како и објективната културолошка, историска и нормативна засебност и уникатност на македонскиот народ од другите народи, вклучувајки го во овој контекст и бугарскиот народ.“ посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски потсети дека по 17 години од добиениот кандидатски статус, во јули, минатата година, конечно ги отворивме преговорите, со таква мудра политичка одлука, што овозможи да го почнеме скрининг процесот, којшто успешно се одвива.

При тоа, додаде тој, македонскиот јазик и идентитет се зачувани и заштитени со преговарачката рамка, потпишан е првиот договор со Европската комисија, за гранично управување – ФРОНТЕКС, на македонски јазик, без ѕвездички или фусноти, рамноправно со други официјални јазици на ЕУ, со што македонскиот јазик го втемеливме и забетониравме и во европското законодавство.

Ковачевски посочи дека периодот што претстои е момент за нова, јасна и консензуална државничка одлука и решенија.

„Ние не смееме да ја пропуштиме оваа шанса за Европа, оваа шанса да ја однесеме државата во ЕУ и да донесеме европски квалитет на живот дома“ заклучи претседателот Ковачевски во Собранието.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА: Два „ер трактори“ и „пинцгауери“ на ДЗС го

23/07/2026
Македонија

ЦУК со итна координација во Гостивар: Обезбедени над 170 тони

23/07/2026
Македонија

Заврши тендерот за 150 електрични автобуси: Избрана најповолната понуда

23/07/2026
Македонија

Ќе пристигнат 100 нови еколошки автобуси во Скопје, избрана компанијата

23/07/2026
Македонија

Клековски: Вклучување на сите засегнати страни во дијалогот за управување

23/07/2026
Македонија

ФОТО Силниот ветер направи штети и на Градските гробишта „Бутел“

23/07/2026
Македонија

Над 300 илјади боледувања во 2025 година: Министерството најавува промени

23/07/2026
Македонија

Аларм во Крушево: Водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна

23/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44602
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА: Два „ер трактори“ и „пинцгауери“ на ДЗС го гаснат пожарот над с. Копаница

23/07/2026

СКОПЈЕ, 23 јули – Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево вклучи воздухопловни и теренски сили како поддршка на скопската

ЦУК со итна координација во Гостивар: Обезбедени над 170 тони вода и 60.000 литри флаширана

23/07/2026

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, денеска присуствуваше на вонредната седница на Главниот штаб во Општина

Заврши тендерот за 150 електрични автобуси: Избрана најповолната понуда

23/07/2026

Министерството за транспорт ја заврши евалуацијата и електронската аукција за јавната набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy