Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски рече ќе ја барал Данела – Арсовска вели досега немало покана!
Македонија

Ковачевски рече ќе ја барал Данела – Арсовска вели досега немало покана!

04/08/2023

AA

Досега нема покана од Владата за средба на која би се разговарало за помош од централната власт за главниот град, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во вечерашното гостување на Канал 5, коментирајќи ја изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе ја повика неа и нејзините соработници на состанок во Владата затоа што „градот на ништо не личел“.

– Некако можеби и комично делува некој од тој аспект се обидува да каже дека нешто не е функционално, а да има директен придонес во неговата нефункционалност. Единствено што можам да кажам е нека си апелира до сопствените советници да бидат конструктивни, да работат во интерес на граѓаните, да гласаат за паушалите што ги зимаат секој месец, за проектите коишто треба да се реализираат од интерес на граѓаните, за да може градот да биде такво место за живеење како што тој очекува, рече Арсовска.

Според неа, најавената покана е спорна од два аспекта.

– Првиот аспект е дека можеби доколку му се чини на премиерот дека градот на ништо не личи и најголем придонес имаат неговите советници во Градот, коишто се официјално и коалиција со ДПМНЕ, со што не гласаат за проектите да се реализираат коишто се во интерес на граѓаните. И доколку навистина тој би сакал да му помогне на Градот, можеби една од најдобрите решенија е да ги охрабри своите советници, кои ги има навистина во голем број во Град Скопје, да ги гласаат овие проекти што граѓаните ги бараа, меѓутоа исто така овие проекти се и од програмата којашто е избрана од нашите граѓани на последните локални избори, рече Арсовска.

Вториот аспект, наведе Арсовска, е „како некој што не може да си помогне себеси би можел да помогне на Градот Скопје“, додавајќи дека ниту еден капитален проект во државата не е реализиран, посочувајќи ги како примери автопатот Кичево-Охрид и клиничкиот центар за коишто нагласи дека не се реализирани со години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
Македонија

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО

09/11/2026
Македонија

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе

09/11/2026
Македонија

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ИМ ГИ СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА

09/11/2026
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ДА ЗАПРЕ ТЕРОРОТ ОД

09/11/2026
Македонија

СТРПЕТЕ СЕ ДО ПОЛНОЌ, ГОРИВАТА ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ПОЕВТИНАТ Дизелот ќе

09/11/2026
Македонија

СО СТУДЕНТСКИ ОБРОК ДО ПОПУСТИ ВО МАРКЕТИТЕ Владата предлага дополнителни

09/11/2026
Македонија

ХРВАТИТЕ ГО ПРЕПОРАЧУВААТ СКОПЈЕ ЗА ВИКЕНД-ПАТУВАЊЕ Од Старата чаршија и

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46672
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА НАСОКА Штипјанец меѓу осумтемина приведени

09/11/2026

Штипјанец на возраст од 40 години, кој имал активна забрана за управување со возило, бил фатен како вози, и тоа

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО „ИДРИЗОВО“ Полицијата приведе 65-годишна скопјанка

09/11/2026

Шеесет и петгодишна скопјанка била лишена од слобода откако во пакетот што му го донела на синот, кој издржува затворска

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе ѝ се суди во отсуство

09/11/2026

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка што се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy