Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХРВАТИТЕ ГО ПРЕПОРАЧУВААТ СКОПЈЕ ЗА ВИКЕНД-ПАТУВАЊЕ Од Старата чаршија и Дебар Маало до Матка и Водно
Македонија

ХРВАТИТЕ ГО ПРЕПОРАЧУВААТ СКОПЈЕ ЗА ВИКЕНД-ПАТУВАЊЕ Од Старата чаршија и Дебар Маало до Матка и Водно

09/11/2026

AA

Ретко кој град во регионот предизвикува толку спротивставени емоции уште при првата средба како македонската престолнина. Скопје е град на контрасти, со посебен шарм, слоевита историја, срдечни жители и архитектура во која се испреплетуваат различни стилови и епохи.

Со овие зборови хрватскиот портал „tportal“ го започнува текстот „Викенд во Скопје: Што сè да видите и вкусите во македонската престолнина“, во кој го препорачува главниот град на Македонија како дестинација за кратко викенд-патување, но и за подолг престој.

Камениот мост, плоштадот Македонија, споменикот „Воин на коњ“, Старата чаршија, Скопското Кале и кањонот Матка се само дел од знаменитостите и локациите што, според хрватскиот медиум, вреди да се посетат.

– Штом ќе го преминете мостот и ќе се најдете на северниот брег на Вардар, ќе влезете во Старата чаршија, една од најголемите и најдобро зачувани отомански трговски четврти на Балканот. Нејзините тесни, калдрмисани улички кријат автентични златарници, стари занаетчиски работилници, чајџилници и историски амами претворени во галерии. Откако ќе се одморите со турско кафе варено на песок и свежа баклава, продолжете нагоре кон тврдината Кале. Моќните камени ѕидини од шестиот век нудат панорамски поглед кон покривите на стариот град, новиот центар и планината Водно во заднина – се наведува во текстот.

Како место на кое посетителите можат да го почувствуваат локалниот менталитет и начинот на живот, „tportal“ го издвојува Дебар Маало.

– За вистински да го запознаете локалниот менталитет и опуштениот начин на живеење, упатете се кон населбата Дебар Маало, гастрономското и боемско срце на престолнината. Таму се наредени традиционални кафеани, во кои вечерите често се претвораат во спонтани прослави со жива староградска музика. На маса се седи со часови, а гозбата започнува со домашен ајвар и пинџур со топли лепчиња, продолжува со гравче-тавче, свежа шопска салата и сочни скопски ќебапи, а сето тоа е проследено со голтки домашна лозова ракија или квалитетен локален „вранец“ – пишува авторот на текстот.

За оние што сакаат да се оддалечат од градската врева и да уживаат во природата, хрватскиот портал предлага посета на кањонот Матка.

– Кога ќе посакате да се одморите од урбаниот ритам, на само половина час возење од центарот на градот ве очекува кањонот Матка, едно од најимпресивните природни прибежишта во земјата. Смарагднозелената вода на реката Треска најдобро е да ја истражите со изнајмен кајак или со пловидба во дрвен чамец што води до мистериозната пештера Врело, една од најдлабоките подводни пештери во Европа. Посебен впечаток оставаат и драматичните варовнички карпи, во кои се сместени вековни средновековни манастири – пишува „tportal“.

Меѓу знаменитостите што ги препорачува за посета се и Спомен-куќата на Мајка Тереза и планината Водно, која ја издвојува како идеално место за завршување на денот.

– Многу посетители ги изненадува податокот дека славната нобеловка е родена токму во Скопје, во 1910 година. Затоа, на пешачката улица Македонија вреди да се посети необичната Спомен-куќа на Мајка Тереза, мултимедијален простор со меморијален музеј во кој се чуваат нејзини фотографии, документи и лични предмети. Совршен завршеток на денот е искачувањето со жичницата до врвот на блиската планина Водно, каде што од просторот околу 66-метарскиот Милениумски крст се отвора величествен поглед кон целата Скопска Котлина, осветлена од вечерните светла – стои во текстот.

Написот „Викенд во Скопје: Што сè да видите и вкусите во македонската престолнина“ е споделен и на официјалната страница на „tportal“ на „Facebook“.

– Барате идеја за кратко патување, а да не мора да одите далеку? Скопје би можело пријатно да ве изненади. Од интересни знаменитости и живописни улици до одлична македонска храна и богата култура – македонската престолнина има многу што да понуди – објави хрватскиот портал.

Под објавата има позитивни коментари од читателите, но и дополнителни предлози за места што вреди да се посетат во Скопје. Меѓу нив се споменуваат комплексот „Македонско село“, Градскиот парк, паркот во Сарај и Музејот на Македонија.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ХРВАТИТЕ ГО ПРЕПОРАЧУВААТ СКОПЈЕ ЗА ВИКЕНД-ПАТУВАЊЕ Од Старата чаршија и

09/11/2026
Македонија

СИМУЛАЦИЈАТА НА СУДСКИ ПРОЦЕС ЌЕ СЕ ПОЛАГА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

09/11/2026
Македонија

ИСПРАНИ ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА ВЛЕГЛЕ ПРЕКУ ВЕНЕЦУЕЛА ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

09/11/2026
Македонија

„ВНУКОТ ВИ Е ПОВРЕДЕН, ТРЕБА ИТНА ОПЕРАЦИЈА“ Нов бран телефонски

09/11/2026
Македонија

🎥 БОГОЈЕСКИ ВИДЕ „ХИСТЕРИЧНИ КУЧКАРКИ“ И „КОМУНИСТИЧКА ЛЕВИЧАРСКА БАГРА“ НА

09/11/2026
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46665
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СИМУЛАЦИЈАТА НА СУДСКИ ПРОЦЕС ЌЕ СЕ ПОЛАГА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Ставот на Владата е дека

09/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека нема да се овозможи полагање на целиот правосуден испит на албански јазик, туку дека делот

ИСПРАНИ ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА ВЛЕГЛЕ ПРЕКУ ВЕНЕЦУЕЛА ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Петрушевски ги обвини Филипче и

09/11/2026

Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев, вели Бране Петрушевски,

„ВНУКОТ ВИ Е ПОВРЕДЕН, ТРЕБА ИТНА ОПЕРАЦИЈА“ Нов бран телефонски измами, на удар се постарите

09/11/2026

Во изминатиов период во СВР- Штип има зголемен број на пријави за поголем број на кривични дела „измама“ и „обид

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy