ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА НАСОКА Штипјанец меѓу осумтемина приведени возачи низ државата
Штипјанец на возраст од 40 години, кој имал активна забрана за управување со возило, бил фатен како вози, и тоа во спротивна насока. Тој е еден од осумтемина возачи кои во изминатото деноноќие биле лишени од слобода на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторно возило.
Станува збор за Д.Б. (40) од Штип, кој, покрај тоа што управувал возило и покрај активната забрана, се движел и во спротивна насока.
Меѓу приведените се и четири лица кои управувале возило без да положат возачки испит. Станува збор за В.П. (45) од Скопје, Н.Е. (56) од селото Морани, скопско, А.А. (35) од селото Студеничани, скопско, и Т.Б. (20), државјанин на Турција, со престој во Тетово.
Полицијата лишила од слобода и двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол – Г.Н. (35) од Пробиштип и Х.Ј. (30) од Битола.
Осмиот возач, Н.А. (22) од Скопје, бил затекнат како управува возило и покрај активната забрана за возење.
Сите осум случаи се квалификувани како кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
.
Извор: plusinfo.mk