СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе ѝ се суди во отсуство а не преку видео врска
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка што се води против неа. Судницата одлучила судењето да продолжи во нејзино отсуство, а денеска се сослушуваат вештаци на предлог на одбраната.
Судијата Спиро Борисов образложил дека Законот за кривична постапка предвидува ваква можност во ситуации кога треба да се испитаат сведоци или вештаци, а не и обвинети лица. Поради тоа, барањето на Михаилова за учество преку видеоврска не било прифатено.
.
Извор: plusinfo.mk