Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кадетите ја растурија Црна Гора, победа за „главна рунда“ за Македонија!
Спорт

Кадетите ја растурија Црна Гора, победа за „главна рунда“ за Македонија!

04/08/2023

AA

Македонија ја забележа првата победа во Риека, на Светското првенство за ракометари до 19 години и тоа импресивна, со 29-20 против селекцијата на Црна Гора. Нашите надежи одиграа фантастичен дуел, особено во второто полувреме, кога „го скршија“ противникот и ја создадоа убедливата разлика.

Првиот дел заврши со 12-10, но веќе во почетните 10 минути од вториот, Македонија врза серија од четири постигнати и само еден примен гол, за да поведе со 17-12 во 40. минута. Тоа беше далеку највисокото водство дотогаш на мечот, имајќи предвид дека тој беше многу резервиран и изедначен во првиот полчас.

Почна со исклучително цврсти одбрани и расположени голмани и на двете страни, па Македонија првиот гол го прими по точно 10 минути игра, кога Црногорците намалија на 1-2. По долга игра гол за гол, наталоживме само плус два до големиот одмор, но вистинскиот однос на силите се покажа во вториот дел.

По таа 40. минута, противникот се обиде да се врати, намали на минус три, но избраниците на Раде Стојановиќ беа извонредни во одбраната, поведени од брилијантниот Давид Брестовац, кој бранеше како во транс. Им овозможи нова серија од 4-0 на соиграчите, по која Македонија првпат дојде на плус седум, 24-17 во 50. минута, а на него се надоврза и Иван Галевски, кој фати пенал. Победникот беше јасен, а конечните плус девет беа најголема разлика на мечот. 

Фактот што ниту еден ракометар не постигна повеќе од три гола, говори за совршено тимски пристап, а со по три погодоци предничеа Марио Стојановски, Томислав Димковски, Славчо Шулевски, Ненад Белистојановски и Самоил Ристевски. Сепак, вистински херој беше Давид Брестовац со 13 одбрани и 46-процентна успешност, поради што беше прогласен за играч на мечот. Галевски придонесе со пет интервенции и еден постигнат гол.

Овој триумф беше многу важен, веројатно клучен за Македонија да го освои второто место во групата во која се уште Норвешка и Грузија. Во последното коло, утре од 17.30 играме против Грузијците, но имајќи предвид дека тие загубија со 19-34 од Црна Гора, победата не би требало да биде ставена во прашање, а со тоа и пласманот во главната рунда. Таму Македонија ќе вкрсти со Австрија и со Данска, како најдобри селекции од групата Е.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy