Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски од Рим: СДСМ ќе победи на изборите, а до 2030 година Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ
Македонија

Ковачевски од Рим: СДСМ ќе победи на изборите, а до 2030 година Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ

02/03/2024

AA

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска во Рим учествуваше и говореше на работната сесија „Решенија за подобар квалитет на живот” што се одржува во рамки на Изборниот конгрес на ПЕС 2024.

Во своето излагање, Ковачевски зборуваше за прогресивните политики на СДСМ, со коишто Северна Македонија после долги години се врати на европскиот пат и обезбеди социјална правда, еднакво и достоинствено општество, како и подобар животен стандард за сите граѓани.

„Кога социјалдемократите се на власт, споровите се решаваат, а земјата оди напред. Ние, социјалдемократите, го решивме спорот со Грција. Ние, социјалдемократите, ја придвиживме земјата во полноправно членство во НАТО. Ние социјалдемократите ги започнавме пристапните преговори со ЕУ по 17 години чекање” истакна Ковачевски.

Владата на СДСМ успеа тројно да ја зголеми минималната плата, да ја удвои просечната плата, да ги зголеми пензиите за 50%, да ја намали невработеноста за 50% додаде тој.

Ги зголемивме странските директни инвестиции за 100%, ја намаливме невработеноста кај младите за 50% и ја зголемивме социјалната помош за 300%, дециден беше Ковачевски.

-Ја вративме демократијата и ја вративме слободата на медиумите,  потенцираше Ковачевски.

Претседателот Ковачевски се осврна и на претстојните избори за кои рече дека ќе бидат тест за правецот на државата, но и за ЕУ.

-Ние ќе победиме! Ќе победиме на претседателските избори и ќе победиме на парламентарните избори, а Северна Македонија, до 2030 година ќе биде европска Македонија!, истакна Ковачевски

Со СДСМ иднината е предвидлива, стабилна, демократска, со СДСМ иднината е европска за Северна Македонија, тоа е земја која оди напред.

-Треба да покажеме дека солидарноста, решавањето спорови, поддршката на демократските реформи, правењето економски реформи се исплати и сигурен сум дека со прогресивците во ЕУ, заедно со прогресивците на Балканот и со прогресивците во Северна Македонија заедно ќе понудиме надеж, ќе понудиме напорна работа, ќе понудиме напредок и ќе понудиме солидарност, и ќе победиме, посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во излагањето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy