Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Надлежните институции треба да постапат за случајот со продажбата на Соравија како и за секој друг случај
Македонија

Ковачевски: Надлежните институции треба да постапат за случајот со продажбата на Соравија како и за секој друг случај

30/06/2023

AA

Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Централниот регистар и Финансовата полиција треба да постапат во согласност со нивните надлежности во случајот со продажбата на деловната зграда „Соравија“, како што постапуваат за секој друг случај за кој што постои сомнеж, изави денеска во Собранието премиерот Димитар Ковачевски.

Тој одговарајќи на пратеничко прашање од Драган Ковачки од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со купувањето на деловната зграда „Соравија“ од страна на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети кој на 24 години, како што вели Ковачки, поседува четири компании, а со нула евра добил 39 проценти од фирмата, Ковачевски рече дека не е прашање на возраста, туку на начинот на стекнување.

-Дали некој на 24 години се стекнал со сопственост тоа е нешто не е поврзано со годините, меѓутоа начинот на кој што кој било се стекнал со сопстевност, доколку постои сомнеж за тоа, а вие имате сомнеж, тоа се проверува институционално. При ваква трансакција Управата за финансиско разузнавање е обрзана да го провери текот на парите исто како и за сите други трансакции со вакви износи. Сите трансакции на фирмите кои се вклучени во ваква аквизиција се проверуваат во УЈП и во Централниот регистар за да се провери плаќањето на соодветените даноци. Исто така треба и УЈП и Централниот регистар соодветно да постапат при една ваква трансакција, рече премиерот Ковачевски.

Доколку постојат сомнежи за потеклото на финансиските средства и доколку такво нешто се докаже преку постапката на првите три институции кои што ги споменав, тогаш, додаде тој, и Финансовата полиција треба да направи проверка на текот на финансиските средства и на извршените трансакции како и на соодветната документација.

-Доколку изразувате сомнеж од ваша страна и во јавноста се дискутира, јас нема да коментирам дали некој на колку години со каков имот се стекнал меѓутоа да, УФР, УЈП, ЦР и Финансовата полиција треба да постапат во согласност со нивните надлежности како што постапуваат за секој друг случај за кој што постои сомнеж, рече Ковачевски.

Ковачки изрази незадоволство од одговорот наведувајќи дека кога станува збор за посочените иснтитуции (МВР, УЈП, ДКСК) за да се расчисти случајот, рече дека се тоа истите за кои има изјави од амбасадор дека сме потонати во корупција, институции кои се вели „заробени“ а вината за тоа е негова како надлежен за сите нив.

– Каде се еднаквите можности за сите, едно општерство за сите во кое најблиски роднини на функционери добиваат концесии за ископ на варовник и склучуваат договори со државни фирми или добиваат субвенции. Во ниедна освен во Македонија. Тоа е можно само ако Али Ахмети ви е вујко, а Димитар Ковачевски ви е кум, обвини пратеникот Ковачки.

Ковачевски, на ова одговори дека е точно поставеното прашање и дека точно одговорил со потврден одговор, појаснувајќи дека ги набројал УФР, УЈП и УФП – три институции за кои нема слушнато било каков негативен коментар од странски институции. Има критики, но, како што подвлече, за институции кои не се во надлежност на Владата.

-Ниту ќе бидам судија, ниту обвинител. Што се однесува на тоа дали овие институциите имаат соработка со странски партнери – имаат. Во конкретниот случај ако се работи за трансакции во три држави, тогаш треба да се направат проверки во трите држави за податоците. Затоа она што треба да биде, ќе биде направено со оглед дека се работи за трансакција од поголем обем. За истата ќе треба да се произнесе и Комисијата за спречување на нарушување на конкуренцијата која исто има добиено барање во однос на оваа трансакција и ќе постапуваат исто како и за други трансакции од овој вид, рече премиерот.

Ковачки незадоволен од одговорот, посочи дека главното прашање е дали ќе побара оставка од Али Ахмети, и од каде се парите.

-Дали се точни гласините дека Али Ахмети ќе профитира од Соравија со тоа што ќе бидат натерани фирми кои соработуваат со државата или профитирале од бисзниси дадени од ДУИ на тендери да плаќаат кирија за закуп за канцеларискио прострор во Соравија. Дали ДУИ ќе ги пере парите од рекет, рече Ковачки нарекувајќи го премиерот пион и приврзок на ДУИ.

Ковачевски во однос на тоа дали ќе биде спроведена непристрасна истрага за случајот Соравија и за функционирањето на Јавното обвинителство посочи дека јавните обвинители се бираат на конкурс во јавнообвинителската сфера.

-Дали ЈО работи во согласност со закон и спроведува процедура за тоа задолжен е Советот на јавни обвинители за да ја проверува неговата работа, како што во моментов има комисија која проверува работа на определени обвинителства. Дали некој со некого е пријател или непријател вработен во која било институција може да се коментира. Меѓутоа тогаш коментарите треба да се прошират и кон други поединци. Ние имаме пратенции чии блиски роднини се судии, обвинители. Дали е тоа предлусов дека ќе работат согласно со закон или не, тоа треба да го оценат тие кои ги избрале и го оценуваат нивното работење, рече Ковачевски.

Во однос на тоа дали ќе побара оставка од претседател на политичка партија, Ковачевски рече дека тие се бираат на конгрес или на непосредно гласање и е прашање за тие кои го избрале. Ако е пратеник, посочи тој, тоа граѓаните ќе го кажат или самата личност избарана на непосредни избори.

-Јас сум избран на непосредни избори. Вие често не ги поставувате прашањата на вистинска адреса. Јас ќе Ви поставам прашање дали вие како пратеник ќе побарате оставка од вашиот претседател на партија со оглед на тоа дека утрово се процесуирани градоначалник од ваши редови, министер за финансии од ваши редови, почесен претседател на партија од ваши редови за сериозно извршен криминал. Дали вие ќе подонесете оставка или ќе побарате оставка од вашиот претседател. Тоа е исто легитимно прашање, рече премиерот Ковачевски.

Ковачки одговорот од премиерот го оцени како дефокусирање на јавноста со, како што нагласи, работи од пред 10 години и посочи дека треба да побара од ЈОГОКК Ислам Абази да си поднесе оставка бидејќи не ја врши својата функција поврзано со случајов, кој е голем финансиски скандал од меѓународни размери, а кој е избран од пратениците од мнозинството.

-Ако не можете да влијаете на Абази, сигурно можете да влијаете на Јовески кој го предлагате за уставен судија. Советот на јавни обвинители е потполно ваш. Ве повикуваме да го повикате Јавниот обвинител да се расчисти оваа ситуација, рече Ковачки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ ГО ПОДДРЖА ПРЕДЛОГОТ ЕДЕН ПРАТЕНИК, ЕДНО ДРЖАВЈАНСТВО Предлогот е

22/04/2026
Македонија

Трендафилов: Укинувањето на еден колективен договор е закана за сите

22/04/2026
Македонија

📷 📽️ КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОЛИЦАЈЦИ ВО СИМУЛИРАНА АКЦИЈА Тревога, движење,

22/04/2026
Македонија

ЛДП предлага сите именувани функционери да имаат само едно државјанство,

22/04/2026
Македонија

Промоција на книгата „Низ детските очи“ од Маја Богоевска на

22/04/2026
Македонија

Жителите на Водно со ултиматум: Блокади на улиците ако не

22/04/2026
Македонија

ЛДП БАРА И МИНИСТРИ И СУДИИ ДА НЕМААТ ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО

22/04/2026
Македонија

СЕ ОТКАЧИЛ ДЕЛ ОД КРАН И УСМРТИЛ РАБОТНИК Трагичен случај

22/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42761
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ ГО ПОДДРЖА ПРЕДЛОГОТ ЕДЕН ПРАТЕНИК, ЕДНО ДРЖАВЈАНСТВО Предлогот е ставен на дневен ред во

22/04/2026

Со 77 гласа „за“ и 8 против, денеска се стави на дневен ред Предлог-законот за еден пратеник, едно државјанство, информира

Трендафилов: Укинувањето на еден колективен договор е закана за сите работници

22/04/2026

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, упати сериозно предупредување дека укинувањето на кој било поединечен колективен

📷 📽️ КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОЛИЦАЈЦИ ВО СИМУЛИРАНА АКЦИЈА Тревога, движење, реакција, одговор на напад

22/04/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на симулациска вежба на кандидатите за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy