
Ковачевски: Изборите 2024 ќе бидат меѓу запад и исток
Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека изборите не се меѓу левица и десница туку меѓу запад и исток.
„2024 година такви ќе бидат изборите бидејќи обично во светот се работи за избори каде што имате политички партии центар и лево од центар и политички партии центар и десно од центар, кај нас сега ќе бидат избори на кои што ќе се соочат политички партии кои што се за западна ориентација на државата и политички партии кои се јасна источна ориентација на државата“, порача Ковачевски.
Тој смета дека нивната коалиција ќе ги има сите партии кои што се од прогресивна коалиција, а граѓаните многу јасно кажувале дека се за европска интеграција.
