Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се осети ли? На што заштедивме 640 милиони евра за 11 месеци?
Економија

Се осети ли? На што заштедивме 640 милиони евра за 11 месеци?

23/01/2024

AA

Иако е тешко или речиси неверојатно дека ќе најдете граѓанин што ќе рече дека горивата се евтини статистиката пресметала дека во периодот јануари – ноември сме заштедиле 640 милиони евра на увоз на минерални горива. За овој период целиот увоз на стоки во Македонија надминал 10 милијарди евра

Граѓаните, фирмите и институциите ширум земјава платија 1,33 милијарди евра за увоз на нафтени деривати и горива, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за периодот јануари-ноември 2023 година.

Дискутабилно е тоа дали сме почувствувале подобрување на животниот стандард или не, но факт е дека увозот на стоките од кои зависиме во целост, а тоа се фосилните горива, е намален за 640 милиони евра во споредба со истиот период 2022 година.

Вредноста на увезените горива годинава е за 22 отсто пониска во однос на истиот период во 2022 година, во која заради комбинација на воени конфликти, кризни состојби и проблеми со логистиката цените на нафтените деривати буквално подивеаја. Воедно таа 2022 година беше период со рекордно високи цени на нафтата и нејзините преработки на глобално ниво.

Реално во првите 11 месеци лани македонските граѓани платиле нешто повеќе од една милијарда евра за увоз на минерални горива. Затоа што од внесените горива вредни 1,33 милијарди евра дури 318 милиони евра се вратиле во земјава од реекспорт на увезените па извезени горива.

Од структурата на увозот кој за 11 месеци надминал 10 милијарди евра видливо е дека минералните горива учествуваат со 12 отсто. Најголемо удел во целиот увоз има категоријата производи класирани според материјалот коај всушност е и најбројна како спектар на артикли. За нив од увоз се платени 3,24 милијарди евра во овие 11 месеци. Увозот на машини и транспортни уреди (во најголем дел автомобили нови и половни н.з.) за овој период изнесувал 2,36 милијарди евра и во однос на истиот период 2022 година е поголем за 10 отсто.

Увозот на храна и живи животни во овие 11 месеци достигнал 887 милиони евра што е за 9 отсто повеќе од претходната година.

Нема ништо ново ниту ако се гледа трговската размена. Германија е наш партнер број еден и за овој период конзумирала 44 отсто целокупниот македонски извоз. Вредноста на македонскиот извоз во Германија за 11 месеци достигнала 3,38 милијарди евра и бележи минимален пад (помал од 2%) во споредба со лани.

Најголем увозник останува Велика Британија во максимална мерка заради увозот на материјали на производителот на втомобилски катализатори „Џонсон Мети“. Од соседните држави нај најголем тровски партнер останува да биде Грција и тоа особено заради увозот на нафтени деривати. За првите 11 месеци лани од таму се увезени стоки во вредност што надминува 974 милиони евра. 

Р.Ф.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy