Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Гласањето за уставните измени е глас за европската иднина на граѓаните
Македонија

Ковачевски: Гласањето за уставните измени е глас за европската иднина на граѓаните

30/06/2023

AA

„Стратешка цел на државата е полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ“, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

„Процесот на евроинтеграција на земјата гарантира безбедност и стабилност на регионот, но и подобра економска соработка заеднички пазар од речиси половина милијарда луѓе“, вели претседателот на Владата. Ковачевски во интервјуто говори за претстојните политички одлуки кои треба да се донесат во државата и од кои зависи европската иднина на граѓаните.

„Гласањето не е само за нашиот устав, туку за европската иднина на нашата земја. Оваа одлука што сега треба да ја донесеме е за да не го одложиме понатамошниот процес. Вето за нашето членство отсекогаш доаѓало однадвор, сега се заканува да дојде од внатре за прв пат“, вели Ковачевски.

„Кога ја добивме нашата независност по крајот на Југославија, нашата економија беше многу посилна од онаа на Бугарија, Чешка, Словачка или Полска. Во тоа време беше незамисливо луѓето од Македонија да одат во некоја од овие земји да работат таму. Денес токму тоа се случува. Економиите на овие земји не само што зајакнаа поради нивните перформанси. Напротив, тоа се случи затоа што овие земји станаа членки на Европската Унија, со заеднички пазар од речиси половина милијарда луѓе. Затоа членството е стратешка цел за Северна Македонија. Сакаме да живееме во земја на ЕУ“, рече премиерот за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44949
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати имаат еднаков третман

10/08/2026

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската полиција одзела документација

10/08/2026

Истрагата за случајот со загадувањето на водата во Гостивар е во напредна фаза, а досега е обезбеден значителен дел од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy