Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачев ја посети Гора во Албанија, се зборувало за учење бугарски јазик
Регион

Ковачев ја посети Гора во Албанија, се зборувало за учење бугарски јазик

23/06/2023

AA

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев бил во посета на Гора во Албанија, каде живеат Македонци, а вели дека посетил Бугари. 

Бугарија продолжува со, како што ја оценуваат македонските здруженија во Албанија, агресивната политика на асимилација на Македонците во Преспа, Голо Брдо и Гора.

„Последната од низата бугарски обиди Македонците да се претстават како Бугари, е посетата на европратеникот Андреј Ковачев на областа Гора, округ Кукс, заедно со бугарскиот амбасадор и други претставници на амбасадата во Тирана. Ветиле помош во повеќе области, а разговарале и околу пописот на населението, што во Албанија ќе почне на 18 септември и секако за олеснителните можности за добивање бугарски пасоши. Ползувајќи ја тешката економска состојба на Македонците во оваа област, од каде се помасовно е заминувањето на младите во земјите на ЕУ и во Велика Британија, повеќе од јасно е на кој начин Бугарија наоѓа свое малцинство“, велат претставниците на македонските асоцијации.

За средбата објава има и од владиниот Комитет за национални малцинства, чиј член како претставник на бугарското малцинство е Милена Селими, која наведува дека „во продолжение на посетата на Албанија, Ковачев ја посети Гора, една од областите каде живеат 3.000 жители, голем дел од нив од бугарското малцинство“.

На средбата во селото Пакиште, Селими, истакнала дека Комитетот за национални малцинства ќе ја продолжи својата мисија за заштита на правата на секое малцинство, загарантирани со Уставот на Албанија и е отворена врата за секој кој се чувствува дискриминиран.

Говореле за подобрувањето на инфраструктурата, прекуграничните проекти со Косово, слободното движење на граѓаните во прекуграничните подрачја, пописот на населението и домаќинствата, засилување на педагошките структури кои ќе помогнат во учењето на бугарскиот јазик, правната рамка, европските проекти и поддршката на Бугарија за областите каде што живеат бугарските малцинства и слично. 

Ковачев се сретнал и со префектот на округот Кукс, Али Халачи, претседателот на Советот на општина Кукс, Алберт Муја, со кои разговарале за „нови проекти во инфраструктурата, образованието, туризмот, кои ги засегаат и области на Гора, каде што живее бугарското малцинство“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46772
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи го имотот од нив добила

14/11/2026

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во „Претрес со Ландов“ пренесе сведоштво од граѓанин кој му раскажал дека неговата мајка

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy