Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Косовски полицаец пукал во Србин од Звечан
Регион

Косовски полицаец пукал во Србин од Звечан

11/04/2023

AA

Полицијата суспендираше косовски полицаец кој пукал во Србин. 

Косовската полиција соопшти дека нивен полицаец синоќа недалеку од мостот Бистрица пукал во Србинот Милан Јовановиќ од Звечани. Велат дека продолжиле со интензивните истраги со надлежните полициски единици од регионално и централно ниво, со цел што поскоро расветлување на овој случај.

„По доставените информации и докази преземени се мерки за суспендирање на полицискиот службеник бидејќи не го пријавил случајот и неговото учество во случајот, од што П.К издал известување дека не е вклучен во размената или пукањето со огнено оружје. Исто така, мерки за суспензија беа преземени и против тројца други можни службеници инволвирани во случајот“, соопшти косовската полиција.

Како што додаваат, за дополнително информирање на јавноста за постапувањето на полицијата и наодите од службените истраги, се сомнева дека во овој случај е вмешан полициски службеник и дека косовската полиција, во согласност со законските процедури, веднаш го известила Косовскиот полициски инспекторат и надлежното обвинителство за понатамошно постапување.

„Косовската полиција ќе продолжи да ги извршува службените дејствија согласно законските овластувања, да ја информира јавноста на фер и непристрасен начин, без разлика кој е инволвиран во случајот и под никакви околности, нема да постапува поинаку, само во согласност со важечките закони. Воедно, полицијата на Косово тесно ќе соработува со Полицискиот инспекторат и Државното обвинителство, за да продолжи да повикува на одговорност полицајците кои прекршуваат и не постапуваат според највисоките етички и професионални стандарди“, заклучуваат оттаму.

Припадници на специјалната единица на косовската полиција – Роса пукале кон Србинот додека се движел со автомобил на главниот пат од Лепосавиќ кон Звечан. Јовановиќ е опериран и моментално е стабилен. Оваа 2023 година имаше серија инциденти во кои Албанците напаѓаа Срби. На Бадник и Божиќ, Албанци нападнаа Срби на Косово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси

01/08/2026
Македонија

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44795
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба

01/08/2026

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба во гостиварско, пронајдени оружје и

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026

Сервисот на третиот ер трактор, кој беше оштетен за време на неодамнешното невреме во Скопје, денес е успешно завршен и

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

01/08/2026

На 72-годишна возраст, во Скопје, почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР). Веста ја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy