Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Алкалоид“ потпиша нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за Програмата за практикантство
Економија

„Алкалоид“ потпиша нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за Програмата за практикантство

11/04/2023

AA

„Алкалоид“ потпиша нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за Програмата за практикантствоСо цел овозможување дополнителни услови за професионално
профилирање на студентите и за усвојување практични вештини под менторство на врвни
професионалци во повеќе дејности, „Алкалоид“ АД Скопје склучи нов меморандум за
соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје во рамките на Програмата
за развој на практикантство. Ова официјализирање на постојното меѓусебно
партнерство, кое досега опфаќаше соработка на компанијата со 4 факултети при
УКИМ, е со цел да се прошири опсегот на образовни профили за кои би постоела
можност за практикантска работа на студентите, кои ја претставуваат идната
работна сила на земјата.

Предметниот меморандум го потпишаа Генералниот директор и
Претседател на УО на компанијата г. Живко Мукаетов и Ректорот на Универзитетот „Св.
Кирил и Методиј“ Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски. Работната група е
составена од претставници на двете институции, предводени од раководителот на Одделот за човечки ресурси во „Алкалоид“
г. Никола Ефтимов и од раководителката на Центарот за кариера при УКИМ Скопје проф.
д-р Јасмина Тониќ-Рибарска.

„Како општествено одговорна
компанија ги отвораме вратите за што повеќе студенти кои имаат желба и волја
пред прагот на своето професионално поглавје да се стекнат со соодветни
практични знаења и вештини, под директно менторство на нашите докажани
професионалци во различни сегменти од работењето на ’Алкалоид’. Со цел да
создадеме силна синергија меѓу образовниот и реалниот сектор и да го подигнеме
нивото на научноистражувачката дејност, им овозможуваме на студентите од повеќе
факултети на УКИМ да се вклучат во секојдневните компаниски процеси и низ еден
систем на високо поставени деловни вредности да го развијат својот
професионален потенцијал“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на
компанијата г. Живко Мукаетов.

Ректорот на Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“ Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски изрази благодарност
за подготвеноста на компанијата „Алкалоид“ постојано да ги надградува
капацитетите за квалификација на студентите, чии образовни профили се дел од
кадровската структура на компанијата.
„Преку оваа соработка студентите се стекнуваат со практично
искуство, кое ќе биде од непроценливо значење додека се подготвуваат за своите
идни кариери. Сметаме дека оваа соработка со ’Алкалоид’ АД Скопје ќе ги
задоволува потребите на нашите студенти, како и на компанијата“,
истакна проф. д-р Јанкуловски.

Раководителката на Центарот за кариера при УКИМ го потенцираше
значењето на практичното искуство во однос на барањата на пазарот на трудот.
„Со потпишувањето на овој договор за соработка со ’Алкалоид’, една од
најдобрите фармацевтски компании во Југоисточна Европа, ќе им се овозможи на
нашите студенти одлична можност да стекнат практично искуство и да учат од
професионалци во индустријата. Преку оваа соработка очекуваме нашите студенти
да добијат корисни искуства и, секако, продолжуваме да инвестираме во
квалитетот на нашите дипломци и да создаваме кадар кој ќе одговара на
очекувањата на пазарот на трудот“, истакна проф. д-р Јасмина Тониќ-Рибарска.

Практикантската работа во „Алкалоид“ ќе биде достапна како
за студентите од факултетите при УКИМ, со кои традиционално се соработува (како
Фармацевтскиот, Медицинскиот, Институтот по хемија на Природно-математичкиот,
Технолошко-металуршкиот факултет) така и за студентите од останатите факултети
од Универзитетот, како Машинскиот, Факултетот за електротехника и информациски
технологии, Факултетот за компјутерски науки и инженерство и други факултети.
Со овој концепт на практикантска работа, кој се изведува во работните простории
на „Алкалоид“, студентите ќе имаат можност да се здобијат со практично искуство
во делот на фармацевтската, козметичката, билната и хемиската индустрија.

Програмата за млади таленти оваа година ја очекува шестата
генерација практиканти, а досега во нејзини рамки биле вклучени 205
практиканти, од кои 94 се веќе вработени во компанијата. Соработката меѓу
„Алкалоид“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, во делот на Програмата
за практикантство, за првпат е започната во април 2018 година, а првиот циклус
на практикантство со своевремено два факултети е заокружен во септември истата
година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
Македонија

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО

24/09/2026
Македонија

СЕ ВРАЌААТ ПОВИСОКИТЕ КОЕФИЦИЕНТИ ЗА УСТАВНИТЕ СУДИИ Предлогот оди пред

24/09/2026
Македонија

ЌУРКЧИЕВ ГО ОБВИНИ СДСМ ЗА ФАЛСИФИКАТ И НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

24/09/2026
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – ЛЕКАРИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45783
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте порача, Америка е најголема сила,

24/09/2026

Македонската делегација, која учествува на Генералното Собрание на Обединетите Нации, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за постигнат договор со ОАЕ

24/09/2026

Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Преговараме и за поврзување на

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД ПЛАНИРАНИТЕ ЗА ГОДИНАВА Министерот Серафимовски

24/09/2026

Пратеничката Бисерка Златеска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за земјоделство, шумарство и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy