Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични
Економија

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

28/11/2024

AA

Освен дека
новогодишната кошница ќе содржи околу 600 производи и дека ќе биде познато кои
се тие до крајот на следната недела, засега други детали не се откриваат. Намалените
цени на производите ќе бидат во примена еден месец, но граѓаните се скептични
дали и каков ефект ќе има новата кошница.

– 
Ако има
вистинско поевтинување на производите, добро ќе ни дојде, но со оглед на
есенската кошница, која имаше ограничен број производи, не очекувам дека нешто ќе биде на подобро. Со нашите плати, кои не
мрднаа од дното, ова ќе биде тешка зима, а за новогодишно расположение воопшто
и не зборуваме – вели четириесет годишна скопјанка позната на редакцијата.

Министерот за
економија Бесир Дурмиши вчера
посочи дека во тек се консултациите со коморите, синдикатите, трговците и
производителите.

– 
Предвидени се над 600 производи кои ќе ги опфати
оваа мерка, но повеќе детали ќе ви дадеме идната недела, четврток
или петок ќе ја објавиме кошничката –
рече Дурмиши.

Претходно во примена беше есенскатакошничка која траеше до 31 октомври. Но, со неа беа опфатени 70 производи на кои им беа ограничени
профитните маржи. Граѓаните
тогаш посочуваа дека голем број производи не се опфатени, поради што се жалеа
дека мерката нема ефект. На терен инспекторите регистрираа неправилности и
манипулации.

Од синдикатот
укажаа дека кошницата го изгуби ефектот поради алчноста на трговците.

– 
Трговците немаат општествена одговорност ниту почит кон
Владата, ја искористија најавата за претходната кошница од Владата и ги
зголемија цените во септември со што вредноста на делот за храна и пијалоци се
зголеми за 717 денари, со мерката имаше намалување од 965 денари – укажаа од
синдикатот.

Од синдикатот објаснуваат дека вредноста на синдикалната
минимална кошничка за ноември 2024 година изнесува 62.021 денари, споредена со
Синдикалната минимална кошница од јануари 2024 година (57.163,00) е зголемена
за 4.858 денари.

Граѓаните
негодуваат и за платите, особено во приватниот сектор, каде нема раст, иако
трошоците значително се зголемени.

– 
Платата
е иста веќе пет години, не знам кој успева да преживее и како со 20 или 25 илјади.
Нашите примања се исти со години, но од пријатели слушам дека состојбите не се
добри ниту кај другите компании. Сите се снаоѓаме како умееме, но
функционерските плати пораснаа и пак ќе пораснат. Токму тие прават да растат
цените во продавниците, купуваат најскапо оти им се може, а на сиромашните
никој не мисли – вели млад скопјанец вработен во градежниот сектор.

Синдикатите бараат
минималната плата да биде 450 евра, укажувајќи дека и во регионот минималецот е
поголем. Првиот човек на синдикатот посочи дека ниските плати и високите
трошоци се причини за иселувањето, поради што државата се доведе во ситуација
да увезува работна сила.

– 
Главната
причина поради кога луѓето заминуваат се ниските плати. Ако вие ги плаќате
мизерно тогаш може да очекувате дека тие имаат пари за билет во еден правец,  надвор од Македонија – вели Слободан Трендафилов.

Министерот Дурмиши не ветува ништо за минималецот, но
вели би сакал да биде 600 евра. Во март минималната плата ќе се зголеми за
околу 1.700 денари, за ова покачување вели тој во буџетот веќе се предвидени
средства, но со нив нема да стигне до минималец од 450 евра како бараат синдикатите.

– 
Јас сакам минималната плата и 600 евра да биде. Реално
барањето е 450 евра, но јас сакам 600 евра да биде, но ајде да ги видиме сите
засегнати страни да се отвори темата на маса, во првите денови од декември,
таму ќе ги видиме и можностите на Владата и ќе ги видиме барањата на
работодавачите – кажа Дурмиши.

П.О.

Фото: Принтскрин/Х

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник

17/02/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026
Македонија

ТРЕСКА ПОРАСНАЛА ЗА 4 ПАТИ, ВАРДАР ЗА 2,5 Водостојот нагло

17/02/2026
Македонија

Караман официјално признаен како автентична македонска раса

17/02/2026
Македонија

Кој се возел најмногу, а кој најмалку со владиниот авион?

17/02/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест

17/02/2026
Македонија

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026
Македонија

ОД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА ПАЛЕРМО И ЗА САРДИНИЈА

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41555
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник дневната температура во пораст

17/02/2026

Облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите наместа

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026

Народниот правобранител постапува по службена должност поради сериозните поплави кои го погодиле Кичево, информира заменик-народниот правобранител Илбер Руфати од подрачната

ТРЕСКА ПОРАСНАЛА ЗА 4 ПАТИ, ВАРДАР ЗА 2,5 Водостојот нагло се кренал и кај другите

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките. Според најновите податоци

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy