Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОРУПЦИЈА ВО КРИВИЧНИОТ СУД: Полицаец и доставувач земале пари за да „средат“ ослободителна пресуда
Македонија

КОРУПЦИЈА ВО КРИВИЧНИОТ СУД: Полицаец и доставувач земале пари за да „средат“ ослободителна пресуда

25/04/2026

AA

​Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против двајца вработени во Основниот кривичен суд Скопје. Станува збор за судски полицаец и доставувач, кои се сомничат дека примале мито лажно ветувајќи дека ќе издејствуваат ослободителна пресуда преку свои врски во повисоките судови.

​Според истрагата, во периодот од август 2025 до 7 април 2026 година, осомничените зеле вкупно 500 евра и дополнителни 60.000 денари од лице кое претходно било осудено на една година затвор. Лицето, кое во постапката има својство на сведок, поднело жалба на првостепената пресуда и барало начин да се спаси од затвор.

​Случајот се одвивал според следната шема:

​И покрај дадените пари, планот не успеал – Апелациониот суд ја потврдил затворската казна. Откако сведокот преку својот адвокат поднел вонреден правен лек до Врховниот суд, изнудувањето продолжило.

​На 7 април годинава, сведокот му исплатил нови 30.000 денари на судскиот полицаец за наводно посредување и ургирање пред врховните судии.

​По поднесениот предлог од јавниот обвинител, судијата на претходна постапка делумно ги прифати барањата за обезбедување присуство на осомничените:

​Од ОЈО ГОКК информираат дека се незадоволни од одлуката судијата да му одреди само куќен притвор на доставувачот, поради што надлежниот обвинител веќе поднел жалба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy