Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Конфискуван недвижен имот и банкарски сметки на Јамарбер Малтези, меѓу нив и станот во кој живее Бериша
Регион

Конфискуван недвижен имот и банкарски сметки на Јамарбер Малтези, меѓу нив и станот во кој живее Бериша

23/10/2023

AA

Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал во Тирана изрече мерка за „превентивна конфискација” на 25 имоти на Јамарбер Малтези, зетот за ќерка на демократскиот лидер Сали Бериша.

Меѓу другото блокирани му се шест банкарски сметки, 16 станови, како и акции во неколку фирми.

– Припадниците на судската полиција денеска  на терен започнаа со превентивно одземање на 25 имоти на Малтези. Првично беа во банки од второ ниво за блокирање на шест сметки на име на зетот на поранешниот премиер, а потоа ќе одат во три фирми, поточно “Homeplan”  каде  Малтези има 45 отсто од акциите “Magnet IMO” каде поседува100 отсто од акциите и “Magnet Gym and Fit” каде има 60 отсто од акциите, јави Топ чанел.

Од 16 станови, седум се наоѓаат на улицата „Мустафа Матохоти“ во Тирана, која е позната и како улица на поранешниот премиер, бидејќи Бериша овде живее во стан на име на неговата ќерка, кој исто така е опфатен со одлуката на судот.

Исто така, со одлуката се опфатени имотите кај поранешниот комплекс „Партизан“ и вилата во Ѓирин е Лалзи(Заливот на Лалзи, познат и како Заливот на Свети Петар) на албанското крајбрежје, каде Бериша вообичаено го минува времето во текот на летото, врз основа на неговите објави на социјалните мрежи.

– Службениците ќе бидат физички присутни во просториите за да се огласат и да ги сменат бравите. До друга одлука, овие ќе бидат блокирани и Малтези не може да спроведе друга постапка, било да е продажба или издавање, додава телевизијата.

Денеска Судот треба да донесе одлука каква мерка ќе добие Малтези, Бериша и бизнименот Фатмир Бектеши.  Првиот беше уапсен пред два дена и задржан во притвор, на вториот му е одземена патната исправа и одредена мерка редовно јавување во полиција, исто како и на бизнисменот.

Се товарат за активна и пасивна корупција, измама и перење пари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026
Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен

03/08/2026
Македонија

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри

03/08/2026
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

03/08/2026

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

03/08/2026

По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четворица лица од селото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy