Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОМПАНИИТЕ ЈА НАУЧИЈА ЛЕКЦИЈА, НЕМА ДА СЕ ТОЛЕРИРААТ ЗЛОУПОТРЕБИ: Бектеши не открива дали ќе продолжат замрзнатите цени
Економија

КОМПАНИИТЕ ЈА НАУЧИЈА ЛЕКЦИЈА, НЕМА ДА СЕ ТОЛЕРИРААТ ЗЛОУПОТРЕБИ: Бектеши не открива дали ќе продолжат замрзнатите цени

07/12/2023

AA

Мерките ги даваат своите резултати во делот на зачувување на животниот стандард. Во случај одредена мерка да се злоупотреби не само што ќе ја продолжиме, туку и ќе ги зајакнеме инспекциските капацитети, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Нагласи дека доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените на прехранбените производи и по 1 јануари. Тоа, како што кажа, ќе зависи од анализите што ќе ги направи Министерството за економија до крајот на годинава.

– Генерално прехранбената индустрија посебно трговијата на мало со храна и пијалаци веќе ја знаат лекцијата дека од страна на Министерството за економија нема да бидат дозволени злоупотреби – рече Бектеши.

Прашан зошто беше потребен голем пакет на помош за граѓаните на само неколку месеци пред избори, Бектеши рече дека мерките се најавени од почетокот на годинава и не се мерки кои граѓаните не ги очекувале.

– Ветивме дека ни еден граѓанин нема да го почувствува товарот на енергетската и економската криза и дека како држава ќе ја покриеме разликата со цел да им излеземе во пресрет за тоа што е изгубено во минатото во делот на зголемување на инфлацијата и од влијанието на енергетската криза во делот на семејствата. Мерките се ветени на семејствата кои навистина имаа потешкотии во делот на справување со инфлацијата и со енергетската криза. Над 7.000 домаќинства во наредните денови добиваат директна субвенција како ранливи категории од страна на Министерството за економија за исплата на нивните фактури за потрошена електрична енергија – рече Бектеши и додаде дека оваа мерка се реализира од почетокот на годинава.

Истакна дека почнувајќи од септември годинава просечната плата повеќе се зголемува отколку инфлацијата.

– За инфлацијата има податоци од октомври и ноември кои се помали од 5 отсто иако и моето и ветувањето на премиерот Ковачевски беше дека инфлацијата во декември ќе биде под 5 отсто – посочи Бектеши.

Прецизира дека првично се носеа одлуки за справување со ценовните шокови, а потоа за антикризните пакети.

– Ако се вбризгаа средства во периодот кога имаше зголемување на инфлацијата можеше да влијаат негативно во делот на инфлацијата заради тоа што можеа да ја поттикнат потрошувачката, а со тоа чинителите во трговијата можеа да ги зголемат цените. Токму затоа прво донесовме одлука за замрзнување на цените, а потоа  ги промовиравме мерките кои ќе бидат реализирани согласно деветтиот пакет – рече Бектеши.

За барањето на опозицијата за намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 поднесено на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се разгледува државниот буџет за наредната година рече дека не е во тек и додаде дека нема да им помогне на изборите.

– Опозицијата најверојатно се подготвува за избори. Никаков предлог нема да им помогне во делот на изборите заради тоа што граѓаните се определени за иднината на државата, а тоа е европската иднина – потенцира Бектеши. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy