Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Комората и Советот на странски инвеститори со факти околу консултациите…..
Економија

Комората и Советот на странски инвеститори со факти околу консултациите…..

25/07/2023

AA

Стопанската комора на Северна Македонија и Советот на странски инвеститори уште еднаш укажуваат дека законот за данок на солидарност се носи без соодветна консултација со бизнисот и покрај изјавите на министерот за финансии дека законот е дискутиран на повеќе јавни расправи во кои била вклучена и бизнис заедницата.

Имено, потврда за тоа дека и при јавни расправи забелешките на бизнисот не се земени предвид е и првиот допис кој беше доставен од Комората до министерот за финансии на 26.12.2022 година, со конкретни укажувања на тогаш именуваниот Предлог на Закон за дополнителен данок на добивка (подоцна преименуван во Законот за данок на солидарност), во кој посочивме дека е суштински важно да се дефинира поимот екстра профит за да не се случи да се даночат компании кои оствариле позитивни резултати на база на нивно добро работење, зголемени инвестиции, подобрена продуктивност, освојување на нови пазари и слично.

Откако во повеќе наврати, во изминатите 6 месеци, не успеавме да ја убедиме Владата на РСМ и министерот за финансии за безпредметноста од носење на ваков закон, на 26.06.2023 година Комората преку Клубот 100 и нејзините органи (Управниот одбор, Собранието, Надзорниот одбор), а поддржани и од Советот на странски инвеститори, поднесе иницијатива за стопирање на постапката за донесување на Предлогот на Законот за данок на солидарност.

На 04.07.2023 година, Стопанската комора преку јавноста информираше дека повторно бара да се повлече и да се стопира постапката за носење на законот за данок на солидарност, со укажување дека носењето на вакво законско решение создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори, особено ако се има предвид дека правната сигурност е еден од врвните приоритети за кои се залагаме како застапувачи на интересите на бизнис заедницата во земјата (СКСМ ги застапува компаниите кои создаваат половина од вкупниот приход во приватниот сектор, компании кои генерираат речиси половина од нето добивката во приватниот сектор и компании кои вработуваат повеќе од една третина од вработените во приватниот сектор). Воедно, на9.7.2023 година Советот на странски инвеститори јавно упати порака за предвидливост и долгорочност наместо импровизации со носење на предложениот законот за данок на солидарност.

Откако на сите овие укажувања не добивме писмена реакција, на 19.7.2023 година упативме повторно допис до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, до претседателот на Владата на Република Северна Македонија и до министерот за финансии на Република Северна Македонија во кои на еден сеопфатен начин се образложени аргументите за барањето на бизнис заедницата за запирање на постапката за донесување на предложениот закон за данок на солидарност, по итна постапка со европско знаменце. 

Согласно сето погоре кажано, јасно е дека Комората будно го следела целиот процес за ова законско решение, во повеќе наврати реагирала и до надлежните институции и преку информирање на јавноста. Затоа, Стопанската комора останува на ставот дека докрај ќе настојува, преку правните механизни кои и стојат на располагање (како последна инстанца поднесување на иницијатива пред Уставниот суд), да се спречи ставањето во функција на овој закон, кој претставува репутациски ризик за државата и ја продолжува правната несигурност која постои повеќе децении. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy