Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Комисијата го прифати предлогот за уставни измени, опозицијата бара брз процес
Македонија

Комисијата го прифати предлогот за уставни измени, опозицијата бара брз процес

25/07/2023

AA

Со 10 гласа „ЗА“ и 7 „ПРОТИВ“ Комисијата за уставни прашања прифати предлог за уставни измени кои ги поднесе Владата.

„Ние не треба да ја пропуштаме оваа шанса за Европа. Оваа шанса да ја однесеме државата во ЕУ и да донесеме европски квалитет на живот дома. Еднаш тоа се кога се одвоиме од Хрватска која веќе 10 години  е земја членка на Унијата, а дали ќе се случи истото годинава вие тука во овој парламент ќе одлучите. Од следната година ЕУ ќе биде фокусирана на реформите што треба да ги спроведе внатре во унијата за да може да функционира со повеќе држави членки. И ние или ќе останеме надвор од европското семејство или ќе бидеме со Албанија првите земји кои ќе ја следат новата методологија на проширувањето и со забрзан чекор ќе станеме земја членка. Изминатата година од опозиционите партии се слушаа гласови за катастрофи, апокалипси и пропасти. И ништо од тоа не е случи, немаше асимилација, немале бугаризација, немаше ништо од тоа. Затоа повикувам да не се мисли само на лични позиции и кариери, да не се плаши народот со измислени сценарија, да не се сонуваат некои минати времиња и да се привикуваат нови несреќи како претходно“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Опозицијата само еднаш се пријави за збор.

„Уставни измени под бугарски диктат нема да има. Оваа ваша расправа е осудена на пропаст, ниту имате пратеници ниту имате народ позади себе за оваа работа. Затоа после ова мое излагање ние нема што повеќе да ви кажеме на оваа тема, нема да дискутираме и ајде во скратени рокови пуштете го предлогот да дојде на пленарна седница и веднаш да го ставите на гласање па да видите како пропаѓа ова ваше насилие врз уставот и туркање на бугарски диктат“, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ви кажаа применуваат врз вас салама тактика, не знам дали не гледате или се правите дека не гледате. Или ве сецкаат на парчиња. Или ако сакате на италијански, тие имаат изрека, кокошка се кубе пердув по пердув. Дипломатски жаргонски кажано вие сте искубана кокошка во споредба со византиската грчка дипломатија или бугарската дипломатија која ви направи хет-трик во овие процеси“, изјави лидерот на Левица Димитар Апасиев.

Она што сега следува е седницата закажана за 18-ти август на која ќе бидат потребни 2/3 од 120 членииот парламент да дадат зелено светло за промените во Уставот. Освен Бугарите, ќе влезат и други 5 нации. Инаку ова е задолжителен чекор за Скопје и треба да заврши пред крајот на скрининг процесот кој во спроведува Европската унија, со цел одржување на втората меѓувладина конференција меѓу Скопје и Софија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy