Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОМОРА: ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ИМА ОНОЛКУ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК КОЛКУ ШТО ДОСТАВУВААТ ДОБАВУВАЧИТЕ – одлуката на Владата во ниту еден случај не е прекршена
Економија

КОМОРА: ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ИМА ОНОЛКУ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК КОЛКУ ШТО ДОСТАВУВААТ ДОБАВУВАЧИТЕ – одлуката на Владата во ниту еден случај не е прекршена

09/05/2023

AA

Претставниците на
домашните синџири на маркети трговци со прехранбени производи на мало ја
поздравија владината одлука за
определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и
обврската на трговците да прибавуваат и да им продаваат на потрошувачите
определени видови и количества од одделни стоки (Сл. весник бр. 42-3066/3 од
21.3.2023 година), истакнувајќи дека, со заеднички напори на Владата на РСМ и
на Министерството за економија, учествуваат во примената на мерките за намалување
на енергетската криза и за ублажување на порастот на цените.

„Но, поврзано со објавите во повеќето електронски
медиуми за изречените парични и кривични казни за непочитување на владината
одлука за замрзнување на цените на одредени видови овошје и зеленчук,
компаниите информираат дека од Пазарниот инспекторат биле извршени контроли во
повеќето маркети во изминатите неколку денови. Информацијата дека се изречени
прекршочни казни е точна, а казните 

се изречени од причина што во
маркетите немало количини или, пак, воопшто немало одредени видови овошје и
зеленчук опфатени со мерките на Владата“, соопштуваат од Стопанската комора на земјава.

Откако министерот за економија
Крешник Бектеши соопшти дека повеќе трговци ќе бидат санкционирани поради
непочитување на одлуката за замрзнати цени, повеќето домашни синџири на маркети
се јавија со појаснување дека до маркетите немало доставено количини или немало
воопшто од овошјето и од зеленчукот кои се опфатени со мерките на
Владата. 

„И покрај сите направени напори
од нив, нарачки и контакти со добавувачи, маркетите не успеаја да ги обезбедат
потребните количини на овошје и на зеленчук пропишани со одлуката на Владата,
па тие не се достапни на пазарот по оние цени по кои е наложено да се
набавуваат и да се продаваат. Претставниците на синџирите на маркети, со
најдобра намера за да им излезат во пресрет на своите потрошувачи, а
истовремено и за да ги исполнат одлуките на Владата, НЕ СЕ ВО МОЖНОСТ ДА
ПРОДАВААТ ПРОИЗВОДИ ДОКОЛКУ ДОБАВУВАЧОТ НЕ ИМ ГИ ДИСТРИБУИРА. Оттука, трговците
на мало со прехранбени производи упатуваат апел до сите надлежни институции да
не ги оптоваруваат компаниите со казнени мерки кои ќе имаат финансиски
последици врз нив во овие тешки моменти за стопанството“, се вели во соопштението од Стопанската комора на Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy