Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колкави затворски казни ги очекуваат српските напаѓачи од Бањска?
Регион

Колкави затворски казни ги очекуваат српските напаѓачи од Бањска?

28/09/2023

AA

Oд десет години до доживотен затвор им се заканува на српските напаѓачи кои кај селото Бањска во северно Косово во неделата убија косовски полицаец. Косово истражува дали Русија е вмешана во нападот. 

Ќе одговараат за тешки кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово, за подготовка терористички дејства или кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово и за неовластено поседување, контрола и држење оружје.

Властите во Приштина упатија обвинувања дека се работи за криминална група, која била „поддржана и финансирана од Србија“ барајќи казна и санкции од официјален Белград.

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, изјави дека Србите што се судрија со полицијата „планирале да го дестабилизираат северот и потоа да прогласат автономија во близина на реката Ибар“. Тој во интервју за „Евроњуз Албанија“ изјави дека групата ја предводел потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, „по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ“.

Српскиот претседател, изјави дека убиството на полицаецот на Косово е апсолутно за осуда. Тој во своето обраќање по инцидентот рече дека се случило она за што долго време предупредувал, а тоа е дека Србите се побуниле „не сакајќи повеќе да го трпат теророт на Албин Курти“. 

Вучиќ потсети на настаните во Диво насеље од пред неколку години каде косовски терористи убија осум македонски полицајци и рече дека тогаш ги немаше ЕУ и албанскиот премиер Еди Рама да проповедаат. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОСТРЕЛНА РАНА НА НОГАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Полицијата откри

21/11/2026
Македонија

ОД ПАД ОД 5 ДО РАСТ ОД 5,2 ОТСТО Опозицијата

21/11/2026
Македонија

ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА, ПА ИЗБЕГАЛ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Обвинителството бара

21/11/2026
Македонија

СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАПАЛИ ЌЕРКАТА И ВНУКАТА Истурил

21/11/2026
Македонија

СТИГНУВА ЗАЛАДУВАЊЕ, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Од вторник температурите ќе

21/11/2026
Македонија

ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ СЕ ДОСТАПНИ И ЗА МЛАДИТЕ Забраната на хартија

21/11/2026
Македонија

ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ТЕПАЛЕ ВРСНИЧКА И СЕ СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОНИ Полицијата

20/11/2026
Македонија

ОД ЗАТВОР МУ ИСПРАЌАЛЕ УЦЕНИ, КОГА ОДБИЛ ДА ПЛАТИ, МУ

20/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46867
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОСТРЕЛНА РАНА НА НОГАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Полицијата откри детали дека покрај телото бил

21/11/2026

Нови детали за случајот со 38-годишниот маж кој утрово беше пронајден мртов на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на скопското

ОД ПАД ОД 5 ДО РАСТ ОД 5,2 ОТСТО Опозицијата да ги погледне статистичките податоци

21/11/2026

ВМРО-ДПМНЕ реагира на критиките на СДСМ за платите, повикувајќи се на најновите податоци на Државниот завод за статистика. Од партијата

ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА, ПА ИЗБЕГАЛ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Обвинителството бара продолжување на притворот на битолчанец

21/11/2026

Обвинителството бара продолжување на притворот за битолчанецот кој ја нападнал својата девојка, ја удирал со тупаници и шамари, а потоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy