Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 📽️ „КОЛА ОД 5.000 ЕВРА МИ ЗЕМАВТЕ“ Граѓани палат ѓубре, блокиран патот Битола-Ресен
Македонија

📽️ „КОЛА ОД 5.000 ЕВРА МИ ЗЕМАВТЕ“ Граѓани палат ѓубре, блокиран патот Битола-Ресен

03/02/2026

AA

Регионалниот пат Битола–Охрид е привремено блокиран, откако група граѓани организираа протест со палење пластика и отпад, поради што сообраќајот на оваа фреквентна делница беше прекинат одреден период.

Протестот беше проследен со извици „нема правда, нема мир“ и „бараме правда“, а густ чад од запалениот отпад се забележуваше и од поголема оддалеченост, што дополнително ја отежна безбедноста на сообраќајот.

Според неофицијални информации, повод за протестот е одземањето на возила на лица кои управувале без положен возачки испит, мерка што стапи на сила со последните измени на Законот за прекршоци. Дел од присутните јавно негодуваа поради, како што наведуваа, високата вредност на одземените автомобили, а на видеоснимки од настанот може да се слушне извикување: „Кола од 5.000 евра ми земавте“.

Протестирачите изразија незадоволство и поради, како што тврдат, дискриминација, посочувајќи дека дел од нив немаат завршено образование, што им оневозможува да полагаат за возачка дозвола.

На местото на настанот биле присутни и полициски службеници кои ја следеле состојбата и го обезбедувале просторот. Засега нема официјални информации за приведени лица, ниту за точната должина на траењето на блокадата, како и дали ќе следуваат дополнителни мерки од надлежните институции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тензии во Парламентот: Законот за правична застапеност „заглавен“ пред гласање,

28/07/2026
Македонија

Маларија, западно-нилска треска, денга и зика: Четири опасни заболувања „увезени“

28/07/2026
Македонија

Прв потежок случај: Пациент со западно-нилска треска во критична состојба

28/07/2026
Македонија

Мицкоски: „Следната недела очекувам намалување на дизелот и бензините“

28/07/2026
Македонија

МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“, измамниците

28/07/2026
Македонија

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица додека работела

28/07/2026
Македонија

Исплатени рекордни 560 милиони денари за боледувања во јули –

28/07/2026
Македонија

Алмир Даути назначен за в.д. директор на „Комуналец“ Гостивар по

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44723
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тензии во Парламентот: Законот за правична застапеност „заглавен“ пред гласање, ДУИ се заканува со Бадентер

28/07/2026

Предлог-законот за правична застапеност сè уште ја чека одлуката на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за да биде ставен на

Маларија, западно-нилска треска, денга и зика: Четири опасни заболувања „увезени“ во Македонија

28/07/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) досега евидентираше случаи на дури четири различни вектор-преносливи заболувања во земјава. Заклучно со последните податоци,

Прв потежок случај: Пациент со западно-нилска треска во критична состојба и приклучен на респиратор

28/07/2026

Повозрасен пациент кај кој е потврдено присуство на западно-нилска треска се наоѓа во животозагрозувачка состојба. Станува збор за 76-годишен скопјанец

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy