Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ ШТО НАПЛАТИЈА НАД 38 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОЛОВИЈА ГОДИНА – еве како стабилно работи компанијата раководена од Драган Наков
Економија

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ ШТО НАПЛАТИЈА НАД 38 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОЛОВИЈА ГОДИНА – еве како стабилно работи компанијата раководена од Драган Наков

20/08/2024

AA

Ако една работа е
сигурна, тоа е дека шпедитерскиот бизнис е навистина високоприходна дејност.

Најголемата
шпедитерска компанија во земјава, управувана во последнава година од Драган Наков, син на познатиот македонски бизнисмен Штерјо Наков, ги објави
полугодишните резултати од работењето, а тие говорат дека да се работи
шпедиција, значи дека се инкасираат навистина високи приходи во една компанија.

Односно, Билансот
на успех на Фершпед укажува дека за шест месеци од годинава тоа акционерско
друштво остварило оперативни приходи од 38,2 милиони евра. Што во однос на
истиот период од минатата година е зголемување за можеби скромни три проценти,
но тоа укажува дека бизнисот е стабилен, а уште побитно е што растат и се
стабилни приходите од кор бизнисот на компанијата.

Што ги донело
овие високи приходи, тоа секако е редовното работење, односно приходите од
продажбата, а на кои отпаѓаат речиси сите приливи, или 38,1 милиони евра, што,
пак, е пораст исто така за 3 проценти во однос на истиот период лани.

И, уште една работа
е битна да се истакне од Билансот на успех на Фершпед, а таа е дека лавовскиот
дел од приходите, или дури 37,5 милиони евра се направени дома, на домашниот
пазар, и кај нив е и најголемиот раст, кој изнесува пет отсто во однос на
истиот период од минатата година.

А, оние приходи
кои и онака биле мали, во првите шест месеци од годинава се уште помали или
практично и повеќе од преполовени, а тоа се приходите од продажба на странскиот
пазар. Тие на компанијата и донеле само 534 евра во периодот од јануари
заклучно со јуни, што, пак, е пад за дури 55 проценти во однос на истиот период
лани.

И оперативните
расходи се високи, 37,2 милиони евра, што е само малку понизок раст, односно се
зголемени за 2 отсто во однос на истиот период лани.

Највисока
расходна ставка за компанијата се услугите со карактер на материјални трошоци,
кои изнесувале 29,1 милиони евра, но тие се многу стабилни во однпос на истиот
период лани и кај нив зголемувањето е за само еден отсто.

Оној трошок кој позначајно пораснал е набавната вредност на трговските стоки, за кои
компанијата платила околу 4 милиони е вра, и тоа е она каде што е регистриран
пшораст за позначајни 24 проценти.

А, дека не им е
лошо ниту на вработените на „Фершпед“, говори и фактот што за нивните плати
компанијата исплатила 2,23 милиони евра, што е раст за 3 отсто во однос на
истиот период лани.

Сето ова
направило ова АД да има оперативна добивка од 978 илјади евра, или 18 отсто
повеќе од лани.

Компанијата имала
значајно намалени приходи и расходи, но тие се навистина ниски, но добро е што
финансиските приходи се сепак поголеми од финансиските расходи.

И, по плаќањето
на данокот, чистиот профит кој им останува на акционерите на Фершпед, е 916
илјади евра, односно 12 отсто повеќе од истиот период лани.

Драган Наков кој
е и генерален директор на компанијата има 11,83 отсто од акциите, а неговиот
брат Сашо Наков поседува 11,04 отсто од оваа компанија.

Помалиот брат на
Фершпед, Макошпед, поседува 19,65 отсто од акциите на оваа шпедитерска
компанија.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy