Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кои се најголеми веледрогерии, колку се заработува од трговија со лекови?
Економија

Кои се најголеми веледрогерии, колку се заработува од трговија со лекови?

29/05/2023

AA

Веледрогериите се многу важна, можеби и суштинска, алка во системот што обезбедува здравствени услуги за населението. Нивна основна работа е да бидат ажурни, навремени, добро снабдени и без грешка да ја менаџираат логистиката за достава на лекови и медикаменти кои се насушна потреба на граѓаните. Особено во мали, отворени и изразито увозно зависни економии како нашата. Да, овие компании имаат големи приходи и малку вработени. Таква е природата на нивната дејност. Но резултатите од нивото работење кои ги анализираше „Фактор“ покажуваат една друга важна карактеристика за нив. Профитите не се нивен врвен приоритет. Напротив, заработките се многу мали во споредба со остварените приходи. А за воља на вистината вреди да се каже дека се често присутни кога се донира и треба да се помогне. Ова ја потврдува хуманата и алтруистичката нота на овој еснаф, особено во изминатава година во која сите бевме исправени пред бројни економски предизвици и неизвесности…

Здравјето нема цена! Сите сме се соочиле или сме биле сведоци на ситации во кои се бара лек и помош за лекување. Кога ни треба лек без разлика дали е на приватно или со партиципација од државниот здравствен фонд секогаш бараме во аптека.

Но кои се тие што ги снабдуваат аптеките? Чија работа е да нарачаат, платат, организираат превоз, купат или увезат и платат давачки за лекови и медикаменти кои се прекупотребни во дадени ситуации? И при тоа тоа да го направат навремено, ефикасно и во рок. Тоа е работата веледрогерииите, економска дејност која лани во Македонија оствари приход поголем од 400 милиони евра.

Анализата на „Фактор.мк“ покажува дека меѓу активните регистрирани веледрогерии лани има 13 компании кои успеале да направат приход поголем од 10 милиони евра. Нивниот агрегатен приход од продажба на регистрирани лекови, препарати и медикаменти надминува 380 милиони евра во 2022 година. 

Кои се најголемите македонски веледрогерии?

Според остварените приходи и минатата година лидер на пазарот е Зегин ДОО компанија основана во 1989 година од Благој Механџиски. Минатата година оваа веледрогерија најголем работодавач во оваа дејност остварила приход што надминал 81 милиони евра. Годината ја завршиле со добивка од 286.000 евра.

Втора на листата најголеми веледоргерии е Македонијалек домашна компанија основана во далечната 1978 година. Ова друштво со своите 156 вработени лани остварило приход од над 65 милиони евра и годината ја завршиле со добивка од 1,4 милиони евра.

Најголема веледрогерија која не е од Скопје, но успешно парира на скопските конкуренти е битолската компанија Еуро-Фарм. Нејзиниот приход лани надминал 50 милиони евра што ја прави трета на листата според остварените приходи. Ова друштво вработува 90 лица, кои лани за својата компанија оствариле добивка од 828.000 евра.

Еуролек од Скопје е веледрогерија основана во далечната 1996 година. На нашиот пазар лани е четврторангирана според остварениот приход кој надминал 31 милиони евра. Вработува 64 лица, а успеала да оствари добивка што надминува 1 милион евра.

Во најголемите компании во земјава е и веледрогеријата на словенечката фармацевтска компанија Крка. Македонската компанија Крка-Фарма од Скопје алани оствари приход од продажба во вредност од над 27 милиони евра и има профит од 743.000 евра.

Очекувано на листата на најголеми е и веледрогеријата Алкалоид – Конс сопственост на македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“. Нивниот приход лани изнесува 26,7 милиони евра, а добивката е 665.000 евра. Друштвото лани вработувало 41 лице.

Најпрофитабилна од сите рангирани веледрогерии лани е „Др Пановски“ скопско друштво кое годината ја завршило со профит од 2,2 милиони евра, што е 8,6 отсто од приходот остварен лани кој изнесувал 25,6 милиони евра.

Во групата веледрогерии кои лани оствариле приход поголем од 10 милиони евра се и: „Лек Љубљана“, „Септима“, „Фарма Трејд“, „Европа Лек Фарма“, „Биотек“ и „Варус“ сите од Скопје.

Р. Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45798
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон дер Лајен ќе направи револуција

25/09/2026

Европската Унија се подготвува за досега најрадикалната реформа на својата политика за проширување, со цел да го откочи процесот за

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на нива кај Ораовица

25/09/2026

77-годишен жител на Радовиш починал на нива во атарот на радовишкото село Ораовица, откако врз него паднала гранка од топола

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во зимскиот период

25/09/2026

Крајно време е Венко Филипче да си замине од СДСМ. Она што луѓето од Платформата 12.05 одлучно и јавно му

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy