Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОХА ДИТОРЕ: Три години и осум месеци затвор за Лекај, доделил дополнителни 53 милиони евра на „Бехтел и Енка“
Регион

КОХА ДИТОРЕ: Три години и осум месеци затвор за Лекај, доделил дополнителни 53 милиони евра на „Бехтел и Енка“

01/02/2024

AA

Поранешниот министер за инфраструктура Пал Лекај е осуден на 3 години и осум месеци затвор за случајот со доделувањето дополнителни 53 милиони евра на конзорциумот „Бехтел-Енка“ за изградба на автопатот „Арбен Џафери“, пишува „Коха Диторе“

Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и намерно оштетување на државниот буџет.

Лекај е осуден и на дополнителна казна со која му се забранува да врши јавни функции во јавната администрација во траење од 3 години и шест месеци.

Заедно со него е осуден и поранешниот секретар на Министерството Небих Шатри на една година и осум месеци, директорот за набавки Бесим Тахири на една година и осум месеци затвор и советникот Есет Бериша на 3 години и три месеци.

Во своите прелиминарни изјави, сите обвинети се изјаснија за невини.

Адвокатите на осудените по одлуката се изјаснија дека ќе се жалат до Апелациониот суд.

Години наназад КОХА достави извештај на фирмата „Хил“, која беше договорена од Владата на Косово да ја надгледува изградбата на овој автопат. Според документот, паричната обврска во однос на „Бехтел-Енка“ била 14 милиони евра. Но, овој извештај Лекај официјално го немаше презентирано пред Владата, а во негово отсуство, извршната власт одобри исплата на дополнителни 53 милиони евра на фирмата што го изгради автопатот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шестмина во ефективен притвор, четворица во куќен по големата полициска

24/04/2026
Македонија

Филипче беше прашан дали се плаши од најавите за апсења

24/04/2026
Македонија

Јужнокорејски коктел на црно: Што се вбризгувало во телата на

24/04/2026
Македонија

ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО ВОН ФУНКЦИЈА: Овој викенд нема да работи

24/04/2026
Македонија

УЈП потсетува: 27 април е краен рок за поднесување ДДВ-пријава

24/04/2026
Македонија

Лесната пешадиска баталјонска група доби највисока оцена за борбена подготвеност

24/04/2026
Македонија

Македонски работници страдаат во странство, дома гинат во семејни фирми:

24/04/2026
Македонија

Давкова го поддржува законот за едно државјанство: Треба да важи

24/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42866
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шестмина во ефективен притвор, четворица во куќен по големата полициска акција за лажни ботокси и

24/04/2026

Основниот кривичен суд Скопје ги донесе конечните одлуки за мерките за обезбедување присуство на осомничените лица опфатени во последната акција

Филипче беше прашан дали се плаши од најавите за апсења на бившите функционери, сега дел

24/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, категорично ги отфрли сомнежите за криминал во неговото досегашно

Јужнокорејски коктел на црно: Што се вбризгувало во телата на пациентите?

24/04/2026

Акцијата „Чисто лице“, која ја спроведоа МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал на 23 и 24 април, откри

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy