Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче беше прашан дали се плаши од најавите за апсења на бившите функционери, сега дел од опозицијата
Македонија

Филипче беше прашан дали се плаши од најавите за апсења на бившите функционери, сега дел од опозицијата

24/04/2026

AA

Лидерот на опозициската СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, категорично ги отфрли сомнежите за криминал во неговото досегашно работење. Коментирајќи ги најавите од премиерот Христијан Мицкоски за можни апсења на поранешни функционери, Филипче кусо и остро порача дека одговорите и толкувањата треба да се бараат директно кај шефот на Владата.

Во својата изјава, Филипче застана во одбрана на својот личен и професионален интегритет, потенцирајќи дека неговата кариера е чиста во сите нејзини фази – од лекарската професија до политичкиот ангажман.

На директно новинарско прашање да ги прокоментира изјавите на премиерот Мицкоски и да каже на кој поранешен премиер тој алудира кога најавува апсења, лидерот на СДСМ одби да навлегува во толкувања на туѓи изјави.

На инсистирањето на новинарите што мисли тој за целата ситуација, Филипче во неколку наврати го повтори истиот став:

„А прашајте го Мицкоски. Како јас можам да имам чувства за неговите чувства? Тоа па ич. Прашајте го Мицкоски“, заклучи Филипче, одбивајќи понатамошна дебата на оваа тема.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шестмина во ефективен притвор, четворица во куќен по големата полициска

24/04/2026
Македонија

Филипче беше прашан дали се плаши од најавите за апсења

24/04/2026
Македонија

Јужнокорејски коктел на црно: Што се вбризгувало во телата на

24/04/2026
Македонија

ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО ВОН ФУНКЦИЈА: Овој викенд нема да работи

24/04/2026
Македонија

УЈП потсетува: 27 април е краен рок за поднесување ДДВ-пријава

24/04/2026
Македонија

Лесната пешадиска баталјонска група доби највисока оцена за борбена подготвеност

24/04/2026
Македонија

Македонски работници страдаат во странство, дома гинат во семејни фирми:

24/04/2026
Македонија

Давкова го поддржува законот за едно државјанство: Треба да важи

24/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42866
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шестмина во ефективен притвор, четворица во куќен по големата полициска акција за лажни ботокси и

24/04/2026

Основниот кривичен суд Скопје ги донесе конечните одлуки за мерките за обезбедување присуство на осомничените лица опфатени во последната акција

Јужнокорејски коктел на црно: Што се вбризгувало во телата на пациентите?

24/04/2026

Акцијата „Чисто лице“, која ја спроведоа МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал на 23 и 24 април, откри

ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО ВОН ФУНКЦИЈА: Овој викенд нема да работи поради технички проверки од австриски

24/04/2026

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје ги известува граѓаните и посетителите дека жичницата на Водно нема да биде достапна за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy