Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За плати во М-НАВ ќе има 16,5 милиони евра
Економија

За плати во М-НАВ ќе има 16,5 милиони евра

01/02/2024

AA

Македонски навигации оваа година за плати ќе подели 16,5 милиони евра, покажува тукушто објавениот финансиски план на контролното тело за авиолетови. Таму се вели дека трошокот за бруто платите ќе се зголеми за дури 18,2 отсто за само една година.

„Трошоците за бруто плати за вработените во 2024 изнесуваат 1.013.050.000 денари и истите се планирани со зголемување од околу 18 проценти во однос на планираните трошоци за бруто плати за 2023“, пишува во планот кој бил усвоен од Владата.

Како причини за ваквото зголемување се наведуват подобрувањето на воздушниот сообраќај, колективниот договор со нов анекс од август минатата година, како и нови вработувања. 

Според ова, просечна месечна бруто плата во М-НАВ, каде има 300-тини вработени, би изнесувала околу 4.600 евра по вработен, според пресметката во планот. Како посебна ставка, таму е напишано и дека за 200 отсто се зголемуваат „другите трошоци за вработените“, кои сега се предвидени да изнесуваат 300.000 евра, а во овој посебен трошок се предвидени други надоместоци, превоз, отпремнини и друго.

Оваа институција, која беше актуелна во јавноста по скандалот со упадот на надворешни лица и наводното тепање на членови на синдикатот, брои околу 300 вработени. Во меѓувреме имаше и препукување помеѓу синдикатот и политичката елита, така што едните беа против вработувања на партиски послушници во таква сензитивна дејност, додека другите пак искоментираа дека М-НАВ станала „семејна фирма за вработување до трето колено“.

Планираните приходи за 2024 се 1,4 милијарди денари, или околу 23 милиони евра, односно за 14 отсто повеќе од лани, а најмногу поради зголемениот број на прелети од кои се наплатува од приватните компании. За инвестиции ќе бидат потрошени околу 3,5 милиони евра, а планирана е и добивка од повеќе од половина милион евра на крајот од годината.

Последната независна ревизија, направена за 2022, потврди дека директорска просечна месечна бруто плата во М-НАВ во 2022 година била 6.100 евра месечно. А во однос на 2021 година е зголемена за 50 отсто.

М-НАВ е најпосакуваната државна компанија на ранг листата за вработување во однос на сите државни акционерски друштва и јавни претпријатија, а тоа го покажуваат официјалните податоци за независната финансиска ревизија што друштвото ја ангажирало за работењето во 2022 година.

Тоа е услужна компанија со уникатна дејност – го контролира движењето на авионите и други воздухоплови на македонското небо. Тука влегуваат прелетите, полетувањата и слетувањата на пистите на нашите аеродроми. За таа услуга во најголема мерка наплатува од „Еуроконтрол“ суверено тело кое го менаџира европското небо.

A.K.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика

02/10/2026
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45949
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика низ Македонија

02/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, а во текот на денот сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за влез на скијачките патеки

02/10/2026

На Попова Шапка се поставени нови порти за скенирање на билетите пред жичниците и ски-лифтовите, со што ски-центарот најавува побрз

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија заслужува да биде со најнапредните

02/10/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изразила благодарност за растечкиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy