Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Коциќ: СДСМ е единствената политичка опција која може да ја внесе Македонија во ЕУ до 2030 година
Македонија

Коциќ: СДСМ е единствената политичка опција која може да ја внесе Македонија во ЕУ до 2030 година

14/02/2024

AA

Парламентарните избори се распишаа, очекуваме дека Македонија ќе го продолжи патот кон евроинтеграциите. Граѓаните од сите националности нема да дозволат да бидеме опструирани во нашите европски интеграции, оваа држава и по изборите на 8 мај ќе се развива како нормална европска демократија, истакна пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ, во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Коциќ додаде дека на сите им е јасно дека СДСМ и коалицијата се единствената политичка опција која може да ја внесе Македонија во ЕУ до 2030 година, за разлика од ДПМНЕ и нивните привезоци, кои на секој начин изминативе децении гледаат да се случи нешто друго.

Во врска со проблемите на граѓаните кои настанаа околу возачките дозволи, Коциќ рече дека проблемот беше намерно инсцениран од партијата којашто како опозиција влезе во техничката влада.

Ние имаме 2021 година донесено закон, којшто предвидуваше замена на возачките дозволи и книшки до 12.02.2024 година, меѓутоа најавите на претсетателот Ковачевски и на поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски беа дека нема да има казнување за граѓаните коишто не ги смениле. Иста изјава имаше и сегашниот технички министер од ДПМНЕ на 06.02, кој кажа дека граѓаните нема да бидат казнувани, за после неколку дена да даде една друга теза дека граѓаните ќе бидат казнувани доколку немаат промена на возачките дозволи, што создаде немир и еден вид на хаос во општеството, истакна Коциќ.

Пратеникот Коциќ нагласи дека тие што седум години се удираа во гради дека никогаш нема да признаат Северна Македонија, први се закануваат со казни кон граѓаните кои што не ги смениле документите.

Немаше потреба да се плашат граѓаните, зашто очигледно мноу лесно се најде решение на проблемот со измена на законот, нагласи пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕКУ СДСМ ЗБОРУВА БАШАНОВИЌ, ПИ-АР ШЕФОТ НА ФИЛИПЧЕ Го користи

30/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА ОЧЕКУВА ОДГОВОР ОД СТУДЕНТИТЕ ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК Мицкоски на

30/10/2026
Македонија

ГЛАСАЈTЕ ЗА ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ И ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ, А НЕ

30/10/2026
Македонија

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВСКО Малолетник е тешко повреден

30/10/2026
Македонија

ВО ЕУ САМО ПО ЗАСЛУГИ Црна Гора ветува силна поддршка

30/10/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ И СТУДЕН ВИКЕНД Пообилни врнежи ќе има в недела

30/10/2026
Македонија

„ВИНОВЕН СУМ, САМ ОДЛУЧИВ“ Потпалувачот на двете дипломатски возила на

30/10/2026
Македонија

ОД 1 МАЈ АВИОНСКА ВРСКА МЕЃУ СКОПЈЕ И ЈАДРАНОТ Два

30/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46456
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕКУ СДСМ ЗБОРУВА БАШАНОВИЌ, ПИ-АР ШЕФОТ НА ФИЛИПЧЕ Го користи за да ги навредува Македонија

30/10/2026

Пи-ар шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДСМ ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ – рече портпаролот на

ВЛАДАТА ОЧЕКУВА ОДГОВОР ОД СТУДЕНТИТЕ ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК Мицкоски на средбата го објаснил и предлогот

30/10/2026

Владата очекува повратен одговор од студентите за предлогот за измена на моделот на субвенционираниот студентски оброк, откако на двочасовна средба

ГЛАСАЈTЕ ЗА ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ И ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ, А НЕ ЗА ЕТНИЧКИ ПОДЕЛБИ Предизборна порака

30/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека во вториот круг на изборите за градоначалник на Брвеница кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има повеќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy