Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кочанската болница со недостиг од кадар – специјалисти од Скопје ја почнаа евалуацијата на повредените од пожарот
Македонија

Кочанската болница со недостиг од кадар – специјалисти од Скопје ја почнаа евалуацијата на повредените од пожарот

20/05/2025

AA

Како дел од иницијативата на Министерството за здравство за поддршка на регионот, денеска во Општата болница со проширена дејност во Кочани пристигна првата група специјалисти од скопските клиники. Нивната мисија е да ја проценат здравствената состојба на лицата повредени во трагичниот пожар што се случи во клубот „Пулс“ пред два месеца.

Во тимот се вклучени експерти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември“, болницата „Св. Наум Охридски“, како и од Клиниката за токсикологија. Нивната задача е евалуација на здравствените потреби на повредените, со цел навремено да се обезбедат соодветни терапии, медицински помагала и третмани.

Фондот за здравствено осигурување претходно упати апел до сите повредени лица да се јават во болницата во Кочани најдоцна до крајот на неделата, за да бидат вклучени во процесот на проценка и следење на нивната здравствена состојба.

Сепак, од болницата алармираат за сериозен недостиг од медицински кадар – особено медицински сестри – што дополнително го отежнува третманот на пациентите.

„Голем дел од сестрите веќе се пензионирани, а оние што се останати се прераспределени и работат преку работното време, колку што дозволуваат можностите. Но, ситуацијата е веќе алармантна. Потребни се најмалку уште два тима за рехабилитација, бидејќи третманите нема да завршат за неколку дена“, изјави директорката на болницата, Кристина Серафимова.

Таа нагласи и потребата од психолошка поддршка – не само за повредените, туку и за здравствениот персонал: „Психолошката помош е неопходна, но сè уште се смета за табу. Треба да се охрабрат сите – пациенти и вработени – да побараат поддршка од психолози и психијатри.“

Во наредниот период, болницата очекува да ја активира и хипербарната комора, откако двајца здравствени работници, кои моментално се на обука, ќе добијат соодветна лиценца за работа. Одлуката за користење на оваа терапија ќе ја носат лекарите, врз основа на здравствената состојба на секој поединец, во координација со интернисти.

Во моментов, 40 пациенти редовно добиваат физикална терапија, а дополнителни 70 секојдневно доаѓаат на преврски поради изгореници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy